Супермодели во новата кампања на Балман

11 јануари 2017

Култниот моден фотограф Стивен Клајн ја фотографираше новата кампања за пролет-лето 2017 на обожуваниот бренд Балман, во која се појавуваат супермоделите: Наташа Поли, Изабели Фонтана и Доцен Крос.

Како што и веќе сме навикнати да очекуваме од Оливие Рустенг, кампањата е базирана на сексапил и гламур, каква што впрочем е и неговата колекција за претстојната сезона.

„Сакавме да прикажеме номадска Балман војска, која е сведена на она што е есенцијално", вели креативниот директор.

 

 

Објавено:
11 јануари 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
217 пати