Тиери Бутеми создаде цветна капсулна колекција за Opening Ceremony

25 јули 2014

Познатиот цвеќар Тиери Бутеми и брендот Opening Ceremony ги здружија силите и креираа капсулна колекција насловена „Цветен град“. Во создавањето и изборот на цветни дезени, креативниот тим не се ограничуваше да користи одредени видови цвеќе, туку тие се одлучија да аплицираат различни форми и видови на цветови и цветни букети.

Колекцијата вклучува чевли, чорапи, модни додатоци, јакни, палта, шапки, еспадрили или вкупно 37 различни парчиња декорирани со цветни мотиви од страна на Тиери Бутеми.

Целата колекција е пуштена во продажба на официјалниот веб сајт на брендот Opening Ceremony.

Објавено:
25 јули 2014
Категорија: 
Колекции