„Чувствувам дека модата некако го изгуби правецот. Не сакав да направам парчиња кои се паметни или иронични, сакав да направам облека која ќе биде убава“, изјави Том Форд пред почетокот на ревијата на која ја прикажа неговата нова, фантастична колекција.

Сосема очекувано, на ревијата се појавија некои од најголемите имиња во модата како Џиџи Хадид, Џоан Смолс, Каја Гербер и други.

Сите парчиња од колекцијата беа неверојатно женствени, романтични и истовремено секси, истакнувајќи ја убавината на жената која дизајнерот секогаш ја слави.

Подеднакво шик беа и неколкуте парчиња за мажи што дизајнерот ги прикажа, кои беа неверојатно елегантни и супер класични.

„Сакав да направам мажите и жените да се чувствуваат уште поубаво и да ги охрабрам секогаш да бидат полни со самодоверба“, изјави дизајнерот.

На самиот почеток Форд прикажа неколку секси кожени парчиња во претежно црна боја за потоа да продолжи со фантастични мантили и палта во неодоливи неутрални бои.

Секое следно парче што тој го прикажа беше поженствено од претходното, а сите девојки кои се појавија на пистата имаа марами на главата и супер тренди чанти.

Дел од неговата колекција се и прекрасни фустани, но и женски костими изработени од свилени материјали, здолништа со реси комбинирани со кожени корсети и други прекрасни парчиња.

Целата колекција погледнете ја погоре во галеријата.

Објавено:
7 септември 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.625 пати