Тренди парчиња инспирирани од 60 – тите во ресорт колекцијата на Версаче

7 јуни 2014

Одличната Донатела Версаче им оддаде неверојатна чест на 60 – тите години со нејзината 2015 ресорт колекција во која вклучи шик геометриски принтови и материјали со кои постигна супер ефект на тренди девојка од иднината.

Во новата ресорт колекција за 2015, Версаче прикажа неколку куси фустани во А – крој, шик здолништа комбинирани со долги палта, но и со куси блузички, потоа одлични панталони со принт во комбинација со кошули и секси женски костими и тренди зимски јакни и палта.

Во однос на модните додатоци, како и секогаш, така и овојпат, Версаче прикажа супер чевли меѓу кои преовладуваа високите чизми со отворен прст на ниска потпетица, потоа високите секси потпетици во прекрасни свежи бои, но и ниските патики во одлична боја со интересен додаток однапред.

Од брендот, во нивната ресорт колекција на трендсетерките им нудат и неодоливи чанти со реси во слични принтови како кај парчињата, потоа слатки мали чантички во неколку бои, а она што е особено интересно и за кое веруваме дека ќе стане вистински тренд, е носењето на две чанти одеднаш за што мора да признаеме дека изгледа тотално симпатично!

Во продолжение, погледнете ја ресорт колекцијата на одличните Версаче за која знаеме дека ќе ве остави без зборови!

Објавено:
7 јуни 2014
Категорија: 
Колекции