Удобни и лежерни креации во новата колекција на Баленсијага

8 јуни 2015

Александар Ванг ја претстави cruise колекцијата за модната куќа Баленсијага, со што уште еднаш докажа колку ги разбира жените.

Дизајнерот овојпат се инспирираше од долгото и топло лето, од мирисот на брановите и зеленилото на рајските места низ светот. Токму овие моменти на неодолив начин ги преслика во речиси сите парчиња од новата колекција и тоа во прекрасни и свежи бои.

Сите негови обожавателки во колекцијата ќе најдат супер шик комбинезони во бела боја, интересни здолништа со висок струк и необични отвори од страните, но и одлично скроени женски костими и нежни и романтични фустани.

Кај најголем дел од парчињата црната и белата се главните бои, но дизајнерот кај некои од моделите додава и неодолива розова, небесно сина и светла зелена кај панталоните со принт.

Дел од колекцијата се и интересни волуменозни чанти со црно – бели ремени, за кои веќе сме сигурни дека ќе станат вистински хит во модниот круг.

Објавено:
8 јуни 2015
Категорија: 
Колекции