Една од дизајнерките кои најдобро ги познаваат жените, Улијана Сергеенко, неодамна во Руската амбасада во Париз ја прикажа својата есенска колекција полна магични парчиња.

Како и секогаш, таа воодушеви со ултра женствени мантили, палта со крзно, неодоливо скроени фустани, здолништа со висок струк украсени со ремени и фантастични женски костими.

Инспирацијата овојпат дизајнерката ја пронашла во ултра модерните 50 – ти, што можеше да се види и преку бројните парчиња презентирани во нејзината есен – зима колекција.

Како и секогаш, таа прикажа парчиња од неверојатни материјали, надополнети со прекрасни украси како впечатливи копчиња, беџови во форма на панделки, цветчиња, кожени ракавици, чанти, бисери и што уште не.

Речиси сите комбинации дизајнерката ги истакна со елегантни високи потпетици во кафена, крем и бела боја, кои беа совршено дополнување на и онака фасцинантните парчиња.

Објавено:
12 јули 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
356 пати