Улијана Сергенко создаде совршена колекција за дами

28 септември 2017

Новата есенска колекција на руската дизајнерка Улијана Сергенко нѐ навраќа длабоко во 40-те години од каде е и пресликана најсовршената форма на женственоста. Ова е идеална линија за дами во есенцијалната суштина на зборот.

Елеганцијата и женската софистицираност се носечкиот предзнак, а акцентот е ставен на фустаните: нагласен струк, нежна силуета, со страничен шлиц, на преклоп... Користени се фини материјали кои ја заокружуваат сликата за оваа романтична есен на Улијана, како памук, кашмир, волна, плетенини, тантела, кадифе...

Посебна улога имаат и модните додатоци како елегантните шапки, марамите врзани околу врат и чанти, со што оваа колекција добива комплетен ретро шарм.

 

Објавено:
28 септември 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
2.025 пати