Познатиот шведски бренд повторно нѐ радува со уште една прекрасна пролетна колекција која може да ја погледнете и да го одберете омиленото парче на нивната онлајн страна.

Колекцијата која е последна објавена на нивниот сајт е изработена во соработка со дизајнерката Ана Гловер и е лимитирана, а за истата веќе има огромен интерес.

Имено, Ана Гловер е британска дизајнерка чија специјализација е изработка на тапети за луксузни ентериери чии дизајни се обожувани од многумина.

Првите луѓе на H&M восхитени од нејзината работа одлучиле дизајните од тапетите да ги пресликаат на облека, па така и настанала оваа неодолива пролетна колекција во која преовладува колоритот и цветните мотиви.

Нејзините принтови и дизајнот на H&M дадоа одличен резултат, па така во колекцијата ќе најдете романтични пролетни парчиња со супер цветни принтови и бои на кои нема да може да им одолеете.

Објавено:
20 април 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
884 пати