Уште една женствена колекција на Тони Матичевски

11 март 2019

Светските дизајнери периодов ги презентираат своите колекции за есен 2019 година, а меѓу нив е дизајнерот со македонско потекло, Тони Матичевски.

Тој создаде лукбук во кој ги претстави колекциите кои го имаат неговиот препознатлив естетски израз. Матичевски користи материјали со комплексна структура, односно хај-тек материјали од кои создава креации со специфична структура, но негубејќи ја женствената нота.

Забелжително е и присуството на металик ткаенините, кои потсетуваат на фолија, од кои се изработени парчиња облека со набори, но и покрај специфичноста на материјалот од кои се создадени, креациите изгледаат лесно, нежно.

Мрежата е исто така сеприсутна, во комбинација со лесно и погусто ткаени материјали, а ефектот што се добива е фантастичен и препознатлив за дизајнерот.

Во продолжение погледнете ги креациите, кои освојуваат и познати ѕвезди. Џенифер Лопез, Меган Маркл се само дел од дамите што носеле облека со негов потпис.

Објавено:
11 март 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
744 пати