Вака би изгледала есен со Зара

13 септември 2014

Кежула линијата на Зара, оваа есен го буди боемскиот дух и нуди колекција за сите вљубеници во бохо стилот.

Во новиот лукбук на шпанскиот бренд, акцентот е ставен на едно од модните парчиња кое оваа сезона е апсолутен хит, пончото, а кое го има во неколку различни варијанти и дезени.

Покрај тоа, удобниот изглед е надополнет со крзнени елеци, спортски панталони, здолништа со принтови, предимензионирани капути...

Тоновите варираат од земјени, загасити, војничко зелена до пудрести нијанси на розова.

 

 

 

Објавено:
13 септември 2014
Категорија: 
Колекции