Иако повеќето очи беа вперени во Марија Грација Кјури и нејзината прва ревија за „Диор“, не може да се рече дека одговорноста на Пјерпаоло Пичоли е помала.

Тој сам сега е креативен директор на „Валентино“, а вчера ја презентираше и првата самостојна колекција.

Првиот впечаток е дека нема големи отстапки од стандардната естетика на брендот, што можеби многумина разочара по малку.

Пичоли се задржа на женственоста, лелеавоста, широката силуета... Интересен е спојот на свилените фустани од свила со плисе и секако неизбежното кадифе. Ни се допаѓат и капутите од брокат, како и комбинезоните од сатен.

За следната пролетна сезона тој предлага и плетенини во комбинација со ламе, мрежи и везови.

Она што можеме да кажеме дека ни се допадна најмногу се модните додатоци и детали, на кои веројатно обрнал посебно внимание, како на пример впечатливите принтови.

Чантите се нешто што сигурно би сакале да го имаме следната сезона.

Со оваа колекција Пичоли го одржа нивото на „Валентино“, се потруди да не се почувствува отсуството на неговата колешка, но се понадевавме дека ќе видиме негова креативна експлозија. Но, можеби ова е само загревање.

Објавено:
3 октомври 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
443 пати