Валентино почнувајќи од идејата за несовршеното создаде фасцинантна колекција

28 ноември 2018

Прифаќањето на неосвршенството и идејата на концептот „wabi-sabi" карактеристичен за Источната култура, ја моделираа новата пред-есенска колекција за 2019 година на Валентино, што беше промовирана вчера во Токио.

Пјерпаоло Пичоли тргнувајќи од основните начела на „wabi-sabi" културата, како што се асиметријата, несовршенството, едноставноста, а спортивно на „западната" фасцинираност од перфектната убавина и симетрија, креираше колекција во која романтичната естетика на брендот задржувајќи ја својата препознатливост, доби една осовремена верзија.

Дизајнерот повика на едно поинакво и пошироко поимање на убавината со сите нејзини различности, а во тој контекст ги смести и освежените изданија на формите карактеристични за Валентино.

За прв пат Валентино во пред-есенсата колекција презентираше и женски и машки модели, отворајќи со моќни креации во интензивна црвена боја од глава до пети, што понатаму преминуваат во монохроматско, црни, па потоа се спојуваат во дизајни во кои се имплементирани црна, бела и црвена.

Неоптовареноста со перфекцијата очигледно му помогна на Пичоли во содавањето на една фасцинантна приказна.

Фото: Filippo Fior / Gorunway.com

Објавено:
28 ноември 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
296 пати