Модната куќа „Версаче“ веќе втор пат не е дел од модната недела во Париз посветена на Висока мода, туку колекциите од овој тип ги презентира во рамките на своите продажни простории во француската метропола.

Причините лежат во практичноста, продажбата и ослободувањето на набиениот распоред.

Тоа што не ги видовме на писта, не значи дека креациите не оставаат впечаток. Напротив.

фото извор: wwd.com/COURTESY IMAGES

Тимот на оваа модна куќа создаде колекција во која се обиде да направи спој помеѓу барокот и рокенрол стилот. Може да се рече дека тоа им тргна од рака.

Но, истовремено, во креациите може да се забележи и влијанието од диско ерата и тоа благодарение на светкавите креации. Исто така, романтичноста е застапена, како и сексапилот, кој овде добива нова форма.

Досега сме навикнале од „Версаче“ да гледаме изразен и јасен сексапил, но овде се служи со прикривање на истиот, и ставање на мистичноста малку во преден план.

Изработката е фантастична, а и спојот на различни естетики со кои оваа модна куќа повторно се доближува до широка женска популација.

Објавено:
10 јули 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
525 пати