Со секоја нова колекција на Зухаир Мурад му успева одново да ги придобие жените што преферираат женствен и елегантен изглед.

Иако за време на модната недела во Париз се презентираат колекциите за пролет-лето 2018, сепак ние одлучивме да се потсетиме на колекцијата на дизајнерот за актуелната сезона.

Веруваме дека сè што ќе видите ќе ви се допадне и ќе посакате да го носите. Доминираат карираните ткаенини и везените апликации – на здолништа, палта, капути, кошули.

Исто така не изостануваат ниту романтичните парчиња од тантела и транспарентни ткаеини, како и наметките од кадифе, со што дизајнерот ја заокружува приказната, нудејќи парчиња за секоја пригода и модели за жени од речиси сите возрасти.

Со оглед на тоа дека успехот го должи на бројната листа познати клиенти, Хали Бери веќе ја видовме во теген комбинезон со апликации од тантела, а не се сомневаме дека и другите ќе посегнат по нивното омилено парче од оваа колекција.

 

фото извор: Vogue.com

Објавено:
5 октомври 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.125 пати