Вика Газинскаја раскажа суптилна пролетна приказна

5 мај 2014

Артистична и женствена е новата капсулна колекција на руската дизајнерка Вика Газинскаја за & Other Stories, во која дизајнерката суптилно го пресликува своето чувство за пролетта со сета разиграност и кревкост на ова годишно време.

Колекцијата претежно ја сочинуваат волуменозни здолништа, фустани кои ги разголуваат женските рамена, мантили во пастелни бои и марами изработени од лесни материјали кои потсетуваат на руксото потекло на креаторката.

Дизајнот на Газинскаја е препознатлив по скултуралниот крој и изразената артистичност што е секако главен адут и на оваа мини колекција наменета за актуелната сезона, пролет-лето 2014.

 

Објавено:
5 мај 2014
Категорија: 
Колекции