Во рамки на актуелната модна недела во Њујорк, вчера и Викторија Бекам одржа своја ревија, за сезона есен-зима 2018/19.

Периодов е мошне актуелна благодарение и на шпекулациите околу повторното обединување на „Spice Girls“, но сепак модата е она што останува во фокусот.

Пред почетокот на модните денови во Њујорк, таа објави дека ревијата што ќе ја прикаже ќе биде нејзината последна на оваа сцена.

Исто така, оваа година Викторија одбележува 10 години од основањето на брендот, а во таа чест и овој пат не изостана од нејзината примарна инспирација - жената.

Колекцијата содржи 25 комбинации, кои можат да се обединат под епитетот спортска-елеганција.

Познато е дека дизајнерката сака да креира парчиња што и самата ги носи, па нема да згрешиме ако кажеме дека таа е и најдоброто заштитно лице на својот бренд.

И овој пат не отстапи од волуменозноста и геометриската естетика. Забележливо е зачестеното присуство на ременот, кој ја нагласува половината и кај широките капути и јакни, но и кај струкираните со миди должина и палтата.

Тој женствен момент го комбинира со спортската естетика на гломазните парчиња. Употребува маслинесто зелени, сиви и сини нијанси. Наспроти еднобојноста се и парчињата со принт, а едно од највпечатливите парчиња секако е долгиот мантил со животински принт.

Кога сме кај впечатливите парчиња, тоа дефинитивно се и огромните чанти од филц, нешто што и самата го промовираше на својот Инстаграм профил, како и рамните чевли од кожа, со долги ремени во предниот дел.

 

Комбинациите се слоевити, а си поигрува и со ткаенините, спојувајќи ги во една приказна тенките, транспарентни и плисирани ткаенини со еко-кожа и волна.

Од комерцијален аспект, несомнено е дека постојат парчиња што веднаш ќе се издвојат (на пример, мантилите со сјајен ефект)  и ќе придонесат за зголемената заработувачка на дизајнерката, но од креативен аспект, Бекам како да покажа стагнација. Таа ја задржа препознатливоста, што и не е грешка, но понуди само трошки од нови моменти, кои би ја освежиле и би ја направиле колекцијата уште повпечатлива.

Но, како и да е, таа ја доби поддршката од семејството, кое седеше во првиот ред. Отсуствуваше само Бруклин, но тој пак, на својот Инстаграм профил се пофали со нова тетоважа посветена токму на неговата мајка.

 

/p>

 

/p>

 

 

A post shared by bb (@brooklynbeckham) onFeb 11, 2018 at 1:41pm PST

 

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham) onFeb 11, 2018 at 7:31am PST

 

Објавено:
12 февруари 2018
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
750 пати