Висока мода на „Долче и Габана“ во Палермо

10 јули 2017

Традиционално, по завршувањето на неделата на Висока мода во Париз, модното дуо Долче и Габана ја претставуваат својата колекција од овој тип, која во Италија е наречена „алта мода“.

фото извор:Инстаграм

Нема потреба да се нагласува дека како и секогаш направен е моден спектакл, а оваа година одбраа тоа да се случува на Сицијалија, поточно во Палермо.

Атмосферата многумина ги потсетува на онаа карневалската од Рио, а дизајнерите всушност се потрудија да направат омаж на Сицилија.

фото извор:Vogue.com

фото извор:Buro247.hr

Токму затоа, присуството на пердуви, златен вез, реси, тантела, брокат, сатен, тул, монистра, светки и што ли уште не, не изненадува.  Кај „Долче и Габана“ секогаш се случуваат многу работи одеднаш, но публиката од нив и не очекува поинаку.

Раскош е зборот кој може да ја опише ревијата одржана викендов. Покрај луксузните материјали и колорит, многу внимание и труд е вложено и во модните додатоци - чантите, чевлите и украсите на глава направени од цвеќиња. 

фото извор:Инстаграм

фото извор:Инстаграм

фото извор:Buro247.hr

Со оглед на тоа дека ова беше „мешана“ ревија, присутните можеа да видат и машки креации, најчесто гламурозни одела, но и секојдневни комбинации, приспособени на она што значи Висока мода.

Како пренесуваат светските модни магазини, на шоуто биле претставени 126 комбинации, но ние од оваа страна можеме да видиме само мал дел и тоа преку социјалните мрежи.

фото извор:Инстаграм

Дури и на репортерите присутни на оваа посебна вечер за дуото им било забрането да фотографираат цела вечер. Причината е ексклузивноста. Имено, Стефано и Доменико потенцираа дека оваа ревија е посебна и наменета само за посебни клиенти и одбрани посетители. Токму затоа и во медиумите ќе биде задржана таа ексклузивност. 

И покрај тоа што нема месец да не се случува некој скандал поврзан со дизајнерското дуо, сè уште одлично се котираат и во медиумите и во модната индустрија.

фото извор:Инстаграм

фото извор:Buro247.hr

фото извор:Buro247.hr

Кога ќе ги погледнете фотографиите од креациите, секако ќе предизвикаат восхит, ако се има предвид колку труд е вложено да се изработат, но ќе ви биде дежа-ву.

Сепак, Долче и Габана очигледно не планираат наскоро да ја сменат својата стратегија, иако многумина го посакуваат тоа. Можеби нашите желби се едно, но бројките од нивната заработувачка се нешто сосема друго, па претпоставуваме дека токму тие имаат влијание врз патот по кој се движат.

Како и да гледате на овие нешта, едно е сигурно, а тоа дека знаат како да направат забава и како да го привлечат вниманието кон себе, кое без разлика какво е, го вртат во своја корист.

фото извор:Инстаграм

фото извор:Инстаграм

фото извор:Инстаграм

фото извор: Vogue.com

фото извор:Инстаграм

фото извор:Инстаграм

фото извор:Инстаграм

фото извор:Инстаграм

фото извор:Инстаграм

фото извор:Инстаграм

фото извор:Инстаграм

фото извор:Инстаграм

фото извор:Инстаграм

фото извор:Инстаграм

фото извор:Инстаграм

фото извор:Инстаграм

фото извор:Инстаграм

фото извор:Инстаграм

фото извор:Инстаграм

фото извор:Инстаграм

фото извор:Инстаграм

фото извор:Инстаграм

фото извор:Инстаграм

фото извор:Инстаграм

фото извор:Инстаграм

фото извор:Инстаграм

фото извор:Инстаграм

фото извор:Инстаграм

фото извор:Инстаграм

фото извор:Инстаграм фото извор:Инстаграм

фото извор:Инстаграм

фото извор:Инстаграм

фото извор:Инстаграм

фото извор:Инстаграм

 

Објавено:
10 јули 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
254 пати