Висока мода Париз: Ако сте љубител на гламурот и луксузот - ова е колекцијата за вас

5 јули 2019

Либанскиот дизајнер Зухаир Мурад вчера ја презентираше својата колекција од Висока мода за сезона есен 2019.

Колекцијата изобилува со гламурозни, светкави парчиња, какви што и се очекуваат од него, но по инспирацијата овој пат посегнува во Северна Африка.

Како што ќе изјави за странските медиуми, во креациите ги имплементирал дезените од традиционалните африкански ќилими, кои изобилуваат со многу боја. Токму таква беше и пистата по која чекореа манекенките.

Јакни и фустани со рачно везени мотиви, монистра и скапоцени камења се нешто што дефинитивно ќе ви предизвика воодушевување во оваа колекција.

„За секоја колекција сакам да истражувам тема и да им овозможат на луѓето да сонуваат, да го имплементирам сонот на некој начин“, вели дизајнерот. 

Темно црвени, виолетови нијанси, како и оние во интензивна портокалова дефинивитно оставаат впечаток. Ако сте љубител на сјајот и гламурот, тогаш не се сомневаме дека овие парчиња ќе бидат по ваш вкус. 

Со пердувите, животинскиот принт и необичните ремени и траки односно венчиња за коса, Зухаир Мурад имплементира и актуелни трендови.

Резултатот од овој спој видете го во продолжение:

 

Објавено:
5 јули 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
402 пати