Висока мода Париз: Колекција на Ели Сааб совршена за Оскарите

24 јануари 2019

После прекрасната пред-есенска колекција, Ели Сааб понуди уште една доза воодушевување. Овој пат се работи за колекција од Висока мода, презентирана вчера во рамки на модната недела во Париз. 

Либанскиот дизајнер понуди гламурозни креации, како совршени за претстојното издание на „Оскарите“. Тој пак, ќе рече дека со оваа колекција сака да ја слави магијата на женственоста.

„Сакам да ги изразам брилијантноста и гламурозноста на жената. Преку моите креации сакам да го претставам нејзиниот шарм. На женственоста гледам со најголема почит“, ќе изјави за „Вог“.

Покрај ова, низ креациите е видливо влијанието и на инспирацијата од морската шир. Преку сините нијанси, формите што потсетуваат на бранови, и лелеавоста, моќноста, тој го имплементира и тој елемент, спојувајќи го со моќноста на жената, но и нејзината слобода.

Забележлива е доминацијата на асиметрични креации.

Материјалите меѓу кои свилата, органзата, светкавите ткаенини,тантелата, како и рачно везените елементи придонесуваат за тежината на оваа колекција, која доаѓа во право време - во сезоната на црвени килими.

Во продолжение погледнете ги сите креации.

Како ви се допаѓа новата колекција?

Објавено:
24 јануари 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
1.645 пати
Извор: 
WWD