Во сицилијанската џунгла на Долче и Габана

23 септември 2019

Диви мачки, зебри, егзотични птици и овошја, светот на дивината... Секој сегмент од џунглата е опфатен низ лепезата од 124 аутфити во новата колекција на Долче и Габана.

Беше прикажана вчера во рамките на Модната недела во Милано, во амбиент - веродостојна реплика на вистинска џунгла – или „Сицилијанска" џунгла како што ќе кажат двајцата дизајнери.

Ревијата ја отворија сафари „униформи" во претежно земјени тонови кои што беа вовед во авантурата што следуваше, која потоа преминува во раскошна и егзотична приказна.

Колорит што ги опфаќа сите бои и го пренесува духот на дивата флора и фауна, апликации и везови со мотиви инспирирани од природата, масивен накит, марами и цветови во косата – ја прават оваа колекција шармантна, заносна и привлечна.

Дизајнерите играа на сигурна карта, имајќи в предвид дека овој тренд речиси без промашување, поминува успешно секоја летна сезона.

Објавено:
23 септември 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
362 пати