Women’secret има сѐ што ви е потребно за празничните денови

1 декември 2017

Веќе сме во празнично расположение, а тоа подразбира дека размислуваме и за тоа како да ги изненадиме нашите најсакани, но и себеси со некој пријатен празничен подарок.

Women'secret има сѐ што ви е потребно за празничните денови.

За празниците кои доаѓаат, women'secret нуди удобност, софистицирани парчиња изработени од пријатни материјали и впечатливи дезени.

Широките пижами во крој на кошула со точки или линии, што ги следат актуелните трендови, се најзабележливите парчиња во оваа празнична линија.

Колекција полна изненадувања со забавни додатоци како меки прекривки, марами, шалови, маски за лице – се што ви е потребно за уживање во зимските денови.

Објавено:
1 декември 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
561 пати