....Пролет исполнета со безгрижност, како мирис на штотуку искосена трева, како трчање со боси нозе, скокање во вирови....Пролет исполнета со големи сништа, но спокоен сон, со фантазија и посегнување кон ѕвездите...

Колекцијата на Women’secret е инспирирана токму од умешноста да се живее едноставно и да се ужива во малите нешта што го збогатуваат животот.  

Неколку тенденции се забележливи за сезоната пролет/лето 2016 како бохо трендот за оние со слободен дух, талкачите, вљубени во животот и во сè што е убаво.

Морнарски стил за хедонистите, за оние кои живеат и љубат со полна пареа. За поглед низ розови очила тука е линијата Pink lovers, надополнета со привлечни и секси парчиња за жената која се чувствува прекрасно секој ден.

Се разбира, удобноста е незаменлив дел од убавото живеење, па така во својата „homewear” линија, Women’secret нуди парчиња и додатоци со кои викендите стануваат уште попријатни и порелаксирани.

Објавено:
29 февруари 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
636 пати