Луксузниот француски бренд конечно ја претстави есенската колекција во која ќе најдете спој на вистинска женска естетика и допир од уметничките дела.

Убавината на уметноста и танцот беа инспирација за новата колекција на модната куќа Клое од каде уште еднаш доаѓаат фантастични парчиња.

„Мојата есенска колекција ги спојува спортскиот дух, движењата кај танцот и чувството на флуидност“, изјави креативната директорка Клер Вејт Келер.

Играта со контрастите и рустичната палета на бои кои овој пат ја вклучуваат „цигла“ бојата, нежната розова, неизбежната бела и сината совршено ја нагласија женственоста на колекцијата.

Познати по тоа дека секогаш во колекциите ја комбинираат елеганцијата и силата на секоја жена, тимот дизајнери овој пат со фустаните со карнери им се спротивставува на предимензионираните парчиња од тексас.

Нежните фустани се стилизирани со волнени и крзнени капути како оние на пилотите. Комбинациите се надополнети и со чизми и чевли со и без потпетица во бела, кафена и црна боја, а секако модната куќа ниту овој пат не заборави да нѐ почести со нивните добро познати модели на чанти во ново руво.

Извор: Buro 24/7

 

Објавено:
28 април 2016
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
643 пати