Женствена мода на лондонската модна недела за мажи

17 јуни 2013

Topman

Лондон уште еднаш ги обедини љубителите на модата на London fashion week, прикажувајќи ги трендовите кога е машката мода во прашања. Иако до крајот на модната недела (утре) ќе се претстават уште дизајнери, впечатокот досега се чини не е најдобар. Како пренесуваат странските медиуми, од досега прикажаните парчиња, се добива впечаток дека се работи за недела на женската, а не машката мода.

Кремасто-розевото одело-пижама на Далтон го оценија како засега најсофистицираното парче облека прикажано на модната манифестација.

Шокантно феминизираните креации вклучуваат и чипкасти прозирни комбинезони, футуристички одела со необјасниво куси ногавици. Но, феминизираноста се огледува и во ретро женските фризури со кадрици и залижан патец.

Освен споменатите „откачени“ креации на данскиот дизајнер Астрид Андерсен, публиката се изненади и од дизејнерските решенија на Кеј Квок од Хонг Конг, која тешко може да се нарече нослива машка облека.

JW Anderson

Сепак, не е ни сѐ така црно. Ник Харт го пренесе Холивуд во Лондон со класичните одела, кои секако нема да излезат од мода ниту следната сезона. Сафари изгледот и земјените нијаси исто така беа забележани за актуелни трендови, како и ретро модата. Топмен одлучи да ги реактуелизира вестерн трендовите, преку свилени кошули со специфичен вез. Лежерниот урбан стил со многу бои беше замислата на Ричард Никол за 2014 година, а кон бранот на „кул изглед“ се приклучија и шарените пругасти одела на брендот „Hentsch’s“.

 

Објавено:
17 јуни 2013
Категорија: 
Колекции