Во рамки на модната недела во Париз која се одржува во моментов, своја ревија имаше и брендот „Диор“. Се работи за колекција за есен 2019 година.

Марија Кјури повторно ги обедини класиката и феминизмот. Колекцијата изобилува со женствени парчиња, кои секоја жена би ги посакала во својот плакар.

Покрај сивата и црната, овој пат акцентот е ставен на повеќе боја, па можат да се видат парчиња во сина, зелена, жолта, црвена... Карираниот принт е апсолутно доминантен и привлечен во нејзина интерпретација.

Исто така, за пофалба е тоа што Кјури успеа во една колекција да обедини и уличниот и дамскиот стил. Широките здолништа со нагласена половина се најзастапени. 

Дизајнерката прави и комбинација на повеќе ткаенини - од транспарентна органза, преку кожа до џинс, таа интрепретираше како едно парче може да изгледа во повеќе варијанти.

Така, во колекцијата се содржат комбинации за тоа како може да изгледаат жените во разни пригоди, односно жени со различен моден сензибилитет.

Во галеријата погледнете ги сите креации.

Имате ли фаворити?

Објавено:
27 февруари 2019
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
2.493 пати