Женствени и романтични фустани од летната колекција на Александра Дојчинивоќ

24 јули 2017

Романтичниот предзнак е носечкиот императив на новата летна колекција на хрватската дизајнерка Александра Дојчинивоќ, во која фокусот е ставен на женствените фустани.

Прекрасниот Сплит е во позадина на фотографиите за едиторијалот за новиот лукбук, совршено надополнувајќи ја романтичната приказна.

Lei Lou фустаните се со дефинирана женствена линија во комбинација на транспарентна тантела со карнери, а должината варира од мини до глужд.

Доминантни се пастелните нијанси, но секако неизбежна е и белата варијанта како незаменлива класика, особено кога се работи за летната сезона.

Фото: Lei Lou by Alex Dojčinović

Објавено:
24 јули 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
751 пати