Зимската сказна на Михано Момоса

1 декември 2017

Српскиот бренд што веќе добива светски размери, Михано Момоса, препознатлив по пастелните, романтични и бајковити креации, создаде нова колекција како реплика на зимските фантастични сказни.

Она што е видлива и поразлична карактеристика во однос на неговите претходни колекции, е поедноставената линија на кројот и воопшто симплифицираната естетика. Но, сепак сите креации се облагородени со рачно изработените цветови од кашмир, што и дава идентитет на колекцијата, препознатлив за Момоса.

Пастелната палета останува базична, надополнета со елеганцијата и префинетоста на белата боја.

Капутите се изработени од волна, долините варираат од мини до макси, блузите се со висока јака, а панталоните добиваат класичен и елегантен крој што ја отвора можноста лесно да се имплементираат во секојдневниот стил.


Фото: Душан Петровиќ

 

Објавено:
1 декември 2017
Категорија: 
Колекции
Прочитано:
233 пати