19 интересни факти за „Гучи“

7 април 2016

Со доаѓањето на Алесандро Микеле, „Гучи“ како да се врати од мртвите. Ја смени естетиката и стана доминантен во уличната мода.

За обожавателите на оваа модна куќа, без разлика која ера од  нејзиниот развој најмногу им се допаѓа, во продолжение претставуваме 19 интересни факти:

1.

Дуплираните букви во логото на брендот се поради името на основачот, Гучио Гучи. Негова специјалност била изработка на багаж. Интересно е и тоа што една од неговите први работни места била токму грижа за багажот во лондонскиот хотел „The Savoy Hotel“. Таму тој им посакал добредојде на многу познати, меѓу кои и Мерилин Монро, која подоцна носи и негови модни додатоци.

2.

Гучи бил инспириран од коњските трки, па оттаму доаѓа и дизајнот, кој е направен да изгледа како коњска узенгија.

3.

Првата продавница на „Гучи“ била отворена во 1953 година, а воедно била и првата италијанска продавница за кожена галантерија воопшто отворена. Воедно ова е истата година кога Гучио Гучи умира, а неговите четири сина ја преземаат модната куќа. Денеска, брендот има преку 550 продавници. На фотографијата, Грејс Кели излегува од бутикот во Рим (1959).

4.

Првите, легендарни „Гучи“ мокасини се креирани во 1932 година.

5.

Кожата ја замениле со памучно платно за време на Втората светска војна. Ова е исто така период кога почнува да се користи црвен и зелен конец во логото.

6.

Рачката од бамбус датира од 1947 година. Процесот на изработка на истата, што вклучува загревање и моделирање е ист и денес.

7.

„Гучи“ низ годините соработувал со голем број автомобилски брендови. Во раните 1970-ти, „Гучи“ ригите и логото се најдоа на луксузниот, спортски автомобил,AMC Hornet.

8.

Том Форд беше уметнички директор на брендот од 1994 до 2005 година и го популаризираше на американскиот пазар.

9.

 Во 2005 година Фрида Гианини беше избрана на креативен директор. Инаку, таа почна да работи за брендот од 2002 година. Првин беше задолжена за модните додатоци и ready-to-wear колекциите, но многу бргу ја презема контролата врз целиот бренд.

10.

Фармерките „Гучи“ во 1998 година се најдоа во „Гинисовата книга на рекорди“. Во тоа време тоа беше парче најскапо продадено и тоа за 3.134 долари во Милано. Рекордот беше соборен во 2005 година, кога анонимен јапонски колекционер купил „Левис“ фармерки за 60.000 долари. Инаку, овие фармерки се дел и од пред-есенската колекција на брендот за оваа година, украсени со монистра и вез.

11.

„Гучи груп“, односно сега именувана како „Керинг“ не го вклучува само брендот „Гучи“. Во оваа групација се и „Ботега Венета“, „Сен Лоран“, „Стела Мекартни“ и „Александар Меквин“.

12.

Според „Форбс“, „Гучи“ е 38-от бренд со најголема вредност, која се проценува на 12.4 милијарда долари.

13.

Алесандро Микеле станува креативен директор на модната куќа во јануари 2015 година. Пред тоа, тој беше главен дизајнер на модни додатоци за „Фенди“, а во 2012 година беше дел од модната куќа „Том Форд“.

14.

Есенската колекција и модно шоу ја претставува комплетната визија на Алесандро за брендот.

15.

Низ годините брендот соработувал и со улични уметници. Така за колекцијата есен 2016 година, Микеле соработуваше со GucciGhost или Trouble Andrew, момче што црта графити што се најдоа на дел од парчињата од споменатата колекција.

16.

Најпосакуваната „Гучи“ чанта е т.н „Dionysus“, која доживеа неколку трансформации, но модниот копнеж по овој додаток не престанува. Често е застапена и на фотографиите од улична мода.

17.

Фустанот што Дакота Џонсон го носеше во емисијата на Џими Фелон, стана „вирален“. Оваа креација од пролетната колекција на „Гучи“ ја има веќе на три насловни страни на познати магазини.

18.

Модната куќа во 2005 година стана партнер со УНИЦЕФ. Дел од средствата од продажбата, „Гучи“ ги донира во фондот, за да помогне во образованието, здравствената грижа и чистата вода за децата во Африка заразени од ХИВ/СИДА. Рекламна кампања со Ријана од фотографијата, во фокус ја става токму оваа цел.

19.

„Гучи“ отвори и музеј во Италија. Се простира на 1.715 метри квадратни и ја обединува 90-годишната историја на брендот. 

Објавено:
7 април 2016
Категорија: 
Стории
Прочитано:
1.955 пати