50 животни лекции од 50-годишна жена

30 јуни 2017

Кариса Гарабедиан основач на сајтот KnowDifferent.net, кој ги третира темите на децата и родителите со посебни потреби. Има сопруг и мајка е на три деца, две ќерки и синот, кој е воедно најмалиот член на семејството и има Аутизам.

фото извор: You Tube

Вели, во слободно време сака да готви, а исто така сака и да патува, иако тоа не се случува многу често. Антистрес терапија ѝ се трчањето, читањето и дружба со пријателите и вино.

Таа неодамна наполни 50 години, а за сајтот popsugar.com, ги сподели своите впечатоци и искуства што ги носат овие години.

Во продолжение прочитајте го писмото на Кариса:

„Наполнив 50 години. Имав одлична забава во друштво на семејството и пријателите и имам bucket list, која полека ја пополнувам. Она на што ќе се фокусирам сега е малку поважно од другото – некои животни лекции. Можеби една или две ќе ви изгледаат вистинито, можеби не. Но, јас верувам во споделување и учење еден од друг, па сакам да се надевам дека ова макар во еден момент ќе помогне некому да не се чувствува осамен. Исто така, сакам и кога се напишани, за да можам да ги користам како алатка, кога ми е потребно.

Еве ги моите 50 животни лекции, по случаен редослед напишани.

фото извор: Popsugar.com

1.„Старост“ е релативен термин и духот е тој што одредува колку стари се чувствувате.

2.Кажете „не“. Не трошете време на размислување или смислување изговори за работите што не сакате да ги правите.

3.Вашето време е важно. Трошете го каде сакате и кога сакате.

4.Купете скапа крема за околу очи, ако тоа го сакате. Го заслужувате тоа. Дури и ако не ги отстрани брчките, уживајте во тоа што го сакате.

5.Создадете си време за себе, секој ден. Дури и да се 10 минути. Го заслужувате тоа.

6.Секогаш знајте каде ви стојат важните документи и имајте брз пристап до нив.

7.Имајте валиден пасош. Можеби ќе се случи некое спонтано патување и ќе се радувате на ова потсетување, колку и да ви изгледа глупаво.

8.Запишете си ги омилените рецепти. Направете си тетратка од специјалните.

9.Запишете ги омилените моменти. Кога ќе ги читате, ќе ви донесат убави чувства, особено во моменти кога ќе ви биде потребно.

10.Вежбајте. Да, можете да го правите тоа. Најдете нешто што ви се допаѓа и почнете – јога, пешачење, што и да е, само бидете истрајни.

11.Земајте витамини и тоа секој ден!

12. Смејте се. Навистина е заразно и помага во борбата со брчките!

13. Нека роднините ги споделат со вас приказните за вашите предци. Запишете ги на хартија. Историјата е кул, особено кога се работи за вашиот живот.

14. „Отровни“ луѓе секогаш ќе има околу вас. Не ги тргајте нив, тргнете се вие. Не мора да бидете суреви. Постои моќ во одбирањето на тоа кого ќе го пуштите во своето опккружување.

15.Пријателите се менуваат. Во сите фази од животот и тоа е ОК.

16.Смејте се гласно, па дури и кога сте сами.

17.Практикувајте масажа. Не чекајте, дозволете си го тоа.

18. Чаршафите не мора да се секогаш пеглани. Сериозно. Кога ќе се стават на кревет, се оптегнуваат. Кога ќе ги исперете, здиплете ги во навлаката за перница.

19. Луѓето ќе ве разочаруваат. Ќе боли и ќе плачете. Секогаш постои лекција во тоа. Животот не е фер и некогаш нема смисла, но мора да се прилагодиме, прифатиме и продолжиме понатаму.  Болката ќе исчезне.

20. Сите правиме грешки. Простете си на себеси.

21. Одете на кино или вечера сами, ќе се чувствувате прекрасно. Ослободувачки е. Го можете тоа, верувајте.

22. Кажете дека ви е жал. Признавањето на грешката е доблесно.

23.Бидете благодарни.

24. Верувајте му на инстинктот. Внатрешниот глас е тука со причина.

25. Не можете секому да се допаѓате. Но, тоа не е ваш проблем. Продолжете понатаму. Тие губат.

26. Куќата може да биде помалку несредена. Исфрлете ги непотребните работи.

27. На луѓето што ви значат дајте им го тоа на знаење.

28. Јавувајте се на телефон. Не одлужувајте.

29. Танцувајте кога никој не ве гледа и тоа што почесто можете.

30. Застанувајте на жолто светло. Побезбедно е. Неколку секунди можат да бидат од животно значење.

31. Сакајте си ја работата. Никогаш не е доцна да започнете нешто ново. Страста нека ве води.

32. Закажувајте редовни прегледи на гради, гинеколог, општ лекар. Секоја година. Ова е приоритет.

33. Најдете време за пријателите што предизвикуваат насмевка на лице.

34. Прегрнувајте се. Заразно е, а чувството кога нечии раце ќе се најдат околу вас е непроценливо.

35. Ставете ги фотографиите во фото-албум. Ако имате само дигитални, тогаш развијте ги омилените. Чувајте ги на безбедно место.

36. Правете листи. Користете ги. Не се стресирајте ако нешто од листата не сте сработиле. Треба да се гордеете со оние што сте успеале.

37. Умереноста е клучот за сè. Вино, сонце, кафе, торта... сè е во ред, само умерено.

38. Читајте. Избегајте во книгите колку што можете почесто.

39. Филмски или тв-маратон е сосема во ред! Пуканки и пижами се само добредојдени.

40. Придржувајте ја вратата. Гледајте ги насмеаните лица на личностите што ги пуштате да излезат или влезат. Чувството е супер!

41. Испратете честитка по мејл. Исто така ќе се чувствувате одлично. Нема ништо подобро од тоа да добиете лично напишана порака и поздрав.

42. Чкртнете нешто од листата на нешта што сакате да ги правите. Немате ниту една? Создадете си!

43. Ако немате домашно милениче, набавете си. Ништо на светот не е како безусловната љубов на миленичето.

44. Купувајте цвеќе, запалете свеќа. Зошто да не? Што чекате?

45. Не плашете се да прашате сè што сакате – докторот, тренерот, пријателите... Твоите прашања се важни, а и други веројатно ги имаат истите.

46. Некогаш нема да направите добра проценка на луѓето. И тоа е во ред. Ако се во вашиот живот, тогаш сте го надминале тоа. Ако не се – повторно сте го надминале тоа.

47. Мајката е во право за многу работи. Ако сè уште ја имате до вас, кажете ѝ го тоа.

48. Вашите деца ќе сфатат дека биле во право за многу работи. Ќе ви го кажат тоа, особено ако знаат дека и вие така сте постапиле.

49. Секој ден е подарок. Пронајдете ги подароците. Сонцето, дождот, пеперутките, што и да е, ќе ви донесе момент на спокојство.

50. Ти вредиш! Да, така е! И никогаш не земајте го тоа здраво за готово!

Објавено:
30 јуни 2017
Категорија: 
Стории
Прочитано:
3.135 пати
Извор: 
Popsugar