Актерката од „How I Met Your Mother“ искрено за борбата со ракот

4 ноември 2016

Веројатно веќе ја препознавте оваа прекрасна актерка која имаше чест да биде дел од една од најпознатите серии на сите времиња „How I Met Your Mother“. Шармантната Коби Смалдерс во моментов активно го промовира новиот филм Jack Reacher: Never Go Back во кој игра заедно со Том Круз. Во искрено писмо кое таа неодамна го објави ексклузивно на сајтот на актерката Лена Данам говори за тешката борба со ракот на јајниците кога имала само 25 години.

„Секој на кој му била дијагностицирана оваа лоша болест или има некој близок, знае за сите ментални и физички предизвици со кои болните мора да се соочат. Чувството и можноста дека можеби никогаш нема да имам деца едноставно беше грозно. Тоа не беше фер“, започнува Коби.

Таа додава дека моментот кога дознала дека има рак на јајниците бил најтешкиот момент во нејзиниот живот.

„Се најдов во центарот на една бура кога имав само 25 години. Пред да ми кажат дека имам рак, постојано се чувствував уморно, чувствував и постојан притисок во мојот стомак кој не можев и не знаев како да го објаснам“, пишува актерката во писмото.

Кога конечно посетила гинеколог, а потоа и онколог, Коби веднаш била испратена на операција на која морало да се исчисти ракот од двата јајника.

„Отсекогаш сакав деца. Бев одлична бебиситерка кога бев млада. Успеав да ги натерам сите да јадат здрава храна, си играв со нив, сите мајки во соседството ме сакаа мене. Дури и во моето друштво, само јас бев онаа со најголем мајчински инстинкт. Мислев дека во иднина секако ќе имам деца. Во еден момент, некој ми кажа дека има можност никогаш да немам свои деца. Тоа беше ужасно и не беше фер“, пишува Коби во писмото.

Веднаш по неколкуте операции на кои ракот успешно бил отстранет, таа морала да внимава на исхраната, да не пуши и да не пие, нешто што докторите и забраниле.

„Бев приморана да ја прекинам мојата љубов со сите вкусни јадења, со сирењето, со сета храна со јаглехидрати. Денеска некако пак се запознаваме, но тоа не е онаа врска што ја имавме некогаш“, пишува актерката.

Таа пишува дека почнала да оди на разни медитации, на јога, на различни исцелители кои ја извлекувале негативната енергија од нејзиното тело, на што таа, сосема нормално, не верувала.

За среќа, таа успеала да го победи ракот само со операциите и вистинската и исклучително здрава исхрана.

Денеска, таа е мајка на две прекрасни девојчиња од кои едната шест, а другата две години.

 „Посакувам ние жените да посветиме внимание на нашето тело одвнатре, исто толку колку што му посветуваме однадвор. Ако се соочувате со нешто слично како јас, ве молам веднаш да ги разгледате вашите опции. Поставувајте прашања. Научете што е можно повеќе за вашата дијагноза. Дишете длабоко. Барајте помош. Плачете, но и борете се“, пишува таа.

*Кои се најчестите симптоми за рак на јајниците?

1.Непријатно чувство во абдоменот

2.Промени кај цревата

3.Болка, особено кога имате секс

4.Губење на апетитот

5.Потреба за често мокрење

Објавено:
4 ноември 2016
Категорија: 
Стории
Прочитано:
1.815 пати