Актерката Сатон Фостер искрено за борбата со ИН витро и посвојувањето

4 јули 2018

Прекрасната 43 – годишна актерка Сатон Фостер, ѕвезда на популарната серија „Younger“ за People за прв пат искрено проговори за борбата со обидите за ИН витро и за предизвиците кои со себе ги носи посвојувањето.

По неколку години борба со зачнување, таа и нејзиниот сопруг Тед Грифин решиле дека дефинитивно сакаат да посвојат дете и истото го сториле во 2017 година.

„Ова е сосема ново поглавје во нашиот живот. Ова е прекрасно, исполнето, неверојатно и уморно поглавје во исто време“, на шега вели актерката.

Таа ќе каже дека постојано се обидувала да сфати каде е проблемот и зошто не можат да имаат деца.

„Секогаш си мислев дека мора да има причина. Сега сфаќам дека Емили требало да биде нашата ќерка. Таа била причината“, вели актерката во интервјуто.

Откако во 2014 – тата се разделила од нејзиниот прв сопруг, таа го запознала Тед на состанок на слепо.

„Имаше нешто што направи да сакам да имам деца со тој човек. Тој припаѓаше во моето семејство. Всушност, јас не го разбирав концептот на мајчинството додека не го запознав него“, вели таа.

Објаснува дека со обидите за зачнување започнале многу доцна и дека едноставно била очајна што ништо не се случувало долго време.

„Бев лута дека работата одеше многу тешко. Навикната сум да правам работите да се случуваат, но ова беше навистина фрустрирачко. А часовникот не ни одеше во прилог“, додава Сатон.

По година ипол обидување, актерката и нејзиниот сопруг се одлучиле за ИН витро. По два пропаднати обиди, решиле дека треба да разгледаат и други опции.

Откако и последниот круг ИН витро бил неуспешен, тие дефинитивно се решиле да посвојат бебе.

„Никогаш не сакав да има некои мистерии околу нејзиното посвојување. Тоа е тоа, таа е нејзината приказна и нема зошто да се срамиме од тоа. Ова е нешто навистина позитивно“, раскажува таа во интервјуто.

За крај, таа вели дека секогаш е расположена за проширување на семејството.

„Ако по некое чудо останам бремена, тоа ќе биде супер. Многу сме среќни, но мислам дека има уште некој што чека да не запознае“, вели актерката.

Објавено:
4 јули 2018
Категорија: 
Стории
Прочитано:
812 пати