Ал, алал да ти е!

25 април 2017

Актерската легенда Ал Пачино денеска полни 77 години! Зад себе има преку 40 снимени остварувања и светот го освојуваше со својот талент, одличните улоги.

Но, со што ги освојуваше жените?

Она што е посебно интересно кај овој Италијанец е што никогаш не беше типична холивудска ѕвезда. Тој ретко можеше да се види на црвениот килим со некоја дама, не се експонираше премногу јавно ниту во најголемата популарност, а тоа остана така до денес.

Дури, ако размислите (а не сте од најверните фанови на актерот), веројатно ќе се запрашате, која е неговата сакана? Во моментов тоа е 37-годишната Лусила.

Тој никогаш не се ожени, но има три деца – ќерка со професорката по актерство Џен Тарант и близнаци кои ги доби во врската со Беверли Ди Анџело.

Кога ќе ја погледнете листата, ќе видите дека сите жени се толку различни, а сепак толку прекрасни и сите го сакале него. 

Ал, алал да ти е!

 

Лусила Сола

Со Лусила се забавува од 2009 година и таа љубов сè уште трае, иако таа е 40 години помлада од него. Инаку, Лусила е родена во Буенос Аирес и по професија е актерка.

 

Беверли Ди Анџело

Врската на оваа актерка и пејачка и Пачино траеше од 1997-2003 година. Како што споменавме и претходно, имаат близнаци.  Денес има 66 години, а освен со актерство и музика, се занимава и со создавање цртани филмови, телевизиска продукција....

 

Џери Хол

Љубовта на Џери Хол и Мик Џегер се смета за една од најголемите во светскиот шоу-бизнис. Тие заедно имаат и четири деца, но малкумина знаат дека Џери во 1997 година имаше куса романса токму со Ал Пачино. Иако веста никогаш не беше официјално потврдена, тоа беше јавна тајна.

 

Пенелопе Ен Милер

Нивната романса траеше од 1993-1994 година. Инаку и Пенелопе е актерка. Ја започнува кариерата на Бродвеј, а во 1989 година има освоено и Тони награда. Заедно беа и дел од остварувањето „Carlito’s Way“.

 

Џен Тарант

Пачино со ќерката Џули

Освен дека е професорка по глума и дека беше љубов на Пачино во доцните 1980-ти, (1988-1989) за оваа дама не се знае многу. Од нивната врска имаат ќерка, Џули Мари, која денес има 27 години.

 

Дебра Винер

Според светските медиуми, оваа актерка, професорка, писателка и продуцентка се забавувала со славниот актер во раните 1980-ти години. Денес има 61 година, но сè уште изгледа привлечно. За потсетување, едно од најпопуларните остварувања во кои се појавува е „An Officer and a Gentleman“, за кое ќе добие и номинација за Оскар, како и за филмовите „Terms of Endearment“ и „ Shadowlands“. Исто така, има освоено и четири „Златни глобуси“.

 

Кетлин Квинлан

Кетлин (денес 62 години)  и Ал Пачино се забавуваа од 1979 до 1981 година. Таа е исто така актерка. Во 1995 година освои Оскар за улогата во „Аполо 13“, а зад себе има голем број филмски хитови што можете да ги видите тука.

 

Марти Келер

Романсата на Швајцарката и Италијанецот трае од 1976-1978 година. Како млада се занимава со балет, но подоцна се впушта во актерството. Повеќе работела на европски филмови, а денес има 72 години и изгледа одлично.

 

Кармен Сервера

Кон средина на 1970-тите, Кармен ќе биде љубовта на Пачино. Денес има 73 години и претпоставувате,  и таа е акетрка.

 

Тјуздеј Велд

Романсата на оваа убавица и актерот започнува и завршува во 1972 година. Тјуздеј во тоа време е привлечна актерка, која Пачино морал да ја освои. Во 1960-тата година освојува „Златен глобус“ за најперспективна актерка. Денес има 73 години.

 

Дајан Китон

Можеби најпознатата девојка на Пачино. Започнуваат да се забавуваат во 1971 година, за време на снимањето на „Кум“. Оттогаш, па декади подоцна, нивната врка постојано ќе биде на „топло-ладно“.

Објавено:
25 април 2017
Категорија: 
Стории
Прочитано:
876 пати