Албер Елбаз без влакна на јазикот за модната индустрија

7 мај 2016

Албер Елбаз кој долги години работеше за модната куќа „Ланван“ пред неколку месеци се прости од местото креативен директор и сметаше дека нема веќе што да му понуди на овој бренд.

Но, тоа не значи дека нема што да каже за модната индустрија. Не само што зборува, туку и нема влакна на јазикот.

-Навистина не можам да набројам пет дизајнери што имаат способност, имагинација, што знаат да сонуваат, што се занаетчии, што со себе ги носат референците од минатото, но имаат поглед кон иднината – вели Џули Џилхарт, моден консултант, која имала можност одблиску да се запознае со дизајнерот, всушност е една од неговите добри пријателки.

Во продолжение ве потсетуваме на неколку изјави на Елбаз, кои изненадија многумина...

Животот после „Ланван“ продолжи во неколку одлични насоки... - „Има нешто фантастично во тоа да се биде слободен. Бев таму речиси 15 години, седум дена во неделата, туна сендвич за ручек и пица за вечера, затоа имаше многу рани утра и долги, долги ноќи“

... но и болни - „Откако отидов оттаму, не можам веќе да цртам. Сè уште имам голем белег во мене“.

Непристојните луѓе не се погодни за врвни дизајнери - „Не работам добро со кучки. Кога ќе почнам да работам со тешки луѓе, па дури и минута, веднаш ја губам креативноста“

Драматичниот „безобразлук“ не значи дека имате талент – „Луѓето што се прават „диви“ најчесто не се најдобри во тоа што го работат. Не играјте игри“.

Ритамот на модната индустрија е пребрз, а Албер не стравува да го повлече тоа – „Навистина е тежок календарот... постојано има „покажи сега, носи сега“ – дизајнери си заминуваат, дизајнери доаѓаат. Што се случува?

Креативноста не се бара со наредба  - „Не сакам да „плукам“ по мојата индустрија, но некои работи мора да се сменат. Дизајнерите не се машини, не можете само да притиснете копче и да кажете: „Биди креативен“.

Борба на смиреноста и стресот – „Јас бев бубаторот што постојано е под стрес. Сè ми предизвикуваше стрес – кога правам колекција, јас сум под стрес. Кога не правам колекција – пак сум под стрес. Не ми оди баш релаксирањето и Зен состојбата“.

За индустрија со најгламурозен изглед, модата има сериозно разочарани луѓе – „ Да се биде во модата е најдобрата работа во светот. Ние ги правиме најдобрите работи, ги запознаваме најдобрите луѓе, сè е во убавината и фантазијата – зошто тоа нè прави сите нас невротични и толку несреќни“.

Не е крај на светот ако треба да ја намалите рутината малку – „ Како и во животот, и на работа има падови и подеми. Секој ден доаѓам без приватен возач, без асистент, без ПР со три телефони, за да ми каже каде да седнам и каде да позирам. Вечерва, дојдов со пријателка, Џули, која дојде по мене, а потоа ја запознавме Ким“.

Младите дизајнери треба да имаат имагинација – „Користете го „Гугл“, но сонувајте и размислувајте пред времето, не бидете само дизајнери на ревии“.

Понекогаш е добро да се биде на периферија – „Еден ден бидете „аут“, надвор од системот и ќе почнете нов живот. Но, јас ја сакам модата. Ги сакам „фешн“ луѓето. Ги сакам и тоа многу. Навистина ја обожавам оваа индустрија. Сега ја гледам од друга перспектива, затоа што сум аутсајдер. Сега, повеќе од било кога до сега, ценам сè многу повеќе!“

Објавено:
7 мај 2016
Категорија: 
Стории
Прочитано:
232 пати