Андреа Бочели: Моето слепило е трагедија само бидејќи другите го сметаат за тоа

22 септември 2018

Славниот пејач Андреа Бочели денеска го прославува својот 60. роденден. Роден е во малото место Лајатико, во близина на Пиза. Детството го поминува на фарма со таткото Алесандро, мајката Еда и братот Алберт. Неговите родители се занимавале со производство на вино, а винаријата на семејството Бочели и денеска успешно работи. 

-На родителите им должам сè! Ме научија на многу работи, но не со празни приказни за етиката и животот, туку преку својот пример и секојдневните постапки. Тоа што јас го научив од нив, сега се трудам да го пренесам на своите деца. Ме научија на посветеност на работата, честта, љубовта кон родниот крај и земјата. Мојот однос со татко ми беше посебно интензивен и комплициран. Неговата загриженост за мојата иднина и желбата да ме заштити се судруваа со моите желби. Откако станав татко, сосема го разбирам - изјави во една пригода пејачот, чиј татко умира во 2000 година.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Andrea Bocelli (@andreabocelliofficial) onSep 3, 2018 at 10:08am PDT

Загриженоста на неговиот татко била оправдана, бидејќи познатиот Италијанец немал едноставно детство и покрај големата љубов што ја имал од семејството. Додека била бремена со него, на неговата мајка Еда ѝ кажуваат дека би било подобро да абортира бидејќи детето ќе се роди со некаков инвалидитет.

Сепак, таа не го послушала советот и се раѓа Андреа. Уште од раѓање, дијагностициран му е вроден глауком, поради кој е делумно слеп.

-Докторите ѝ ставиле лед на стомакот и кога третманот завршил ѝ советувале да не го роди детето. Но, младата и храбра жена одлучува да роди. Тоа е мојата мајка. Бескрајно сум ѝ благодарен што одлучила дека ме сака и дека нема да абортира. Се надевам дека тоа ќе охрабри и други мајки кои можеби се наоѓаат или би можеле да се најдат во таква тешка ситуација, но сакаат да го спасат животот на своето бебе - открива Бочели за време на еден концерт.

Инаку, тој станува сосема слеп на 12-годишна возраст, а како последица на удар од топка.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Andrea Bocelli (@andreabocelliofficial) onAug 10, 2018 at 9:03am PDT

 -Обожавав да играм фудбал. Тој ден игравме фудбал како секое пополадне. Топката ме удри во десното око со кое гледав светло и препознавав бои - вели пејачот.

Докторите се обидуваат да направат сè што можат, бидејќи покрај повредата на окото, тој има и потрес на мозокот. Видот се обидуваат да му го спасат и со помош на пијавици, но безуспешно.

-Моето слепило е трагедија само бидејќи другите ја сметаат за тоа. Светот е полн со грди приказни и не сакам да додадам уште една, бидејќи мојата не е тажна. Исто така, не значи дека пеам подобро бидејќи сум слеп. Помеѓу овие две работи нема никаква поврзаност. Слепилото не го дефинира мојот живот. Нема потреба да ѝ се придава повеќе внимание од на пример, податокот која крва група сум. Многумина мислат дека слепилото го направија мојот живот потежок, но тоа ме направи уште посилен - потенцира тенорот.

Уште како дете тој покажува голем интерес за музика, а неговите ќе подигнат кредит за да му овозможат да оди на часови по клавир и тоа уште од шестгодишна возраст. Неговата мајка во повеќе пригоди ќе изјави дека музиката е единствената работа што може нејзиниот син да го смири, развесели и утеши.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Andrea Bocelli (@andreabocelliofficial) onJun 23, 2018 at 12:53pm PDT

-Бев среќно и многу сакано дете. Семејството ме научи на убавина, внатрешна и надворешна, а тоа влијаеше на мојот карактер и на создавањето скала на вредности и приоритети во животот. Моите најдраги сеќавања на детството се врзани за долгите јавања на коњ, талкањето по полиња, играњето со топка, но и клавирот. 

Подоцна ќе научи да свири и на флаута, саксофон, тромбон, харфа, гитара, тапани и труба.

-Кога пеам и свирам, чувствувам неверојатна топлина околу срцето. Ако пеам додека сум сам, се чувствувам прекрасно. За мене тоа е слобода. 

На 14 години ќе победи на своето прво пејачко натпреварување со легендарната „О соле мио“. Но, после средното образование, запишува право. Сепак, љубовта кон музиката ќе продолжи и за време на студентските денови, со ист интензитет. Во тој период ќе пее по барови, но го завршува факултетот и една година дури и ќе работи како адвокат. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Andrea Bocelli (@andreabocelliofficial) onJun 24, 2018 at 11:06am PDT

 

Во 1992 година ќе се случи пресврт во неговиот живот. Од комплетна анонимност, ќе стане ѕвезда за која ќе дознае цела Италија, а потоа и светот. Таа година, италијанскиот пејач Зукеро ќе организира аудиција за тенори, за да сними демо за својот албум и го праќа на Лучиано Павароти. 

Откако Павароти ќе го слушне Андреа на снимка, ќе му каже на Зукеро да сними песна со него. Од тој момент, Бочели станува симбол на италијанската опера. 

-Судбината ги вкрсти нашите патишта. Тогаш Зукеро веќе беше славен пејач, популарен во целиот свет, а јас само еден од непознатите пијанисти и пеач во бар. Но, барајќи нов лирски тенор, ми даде да снимам демо со оперски инсерти од неговата песна „Miserere“. Подоцна ја снимивме песната и таа ми овозможи да му ја покажам на светот мојата страст. Во тој момент започнува мојата кариера. Музиката, пред сè е страст, страст со која се раѓаш, а ако имаш малку среќа, со неа и ќе живееш. Среќен сум што можам да живеам од неа, тоа е моја привилегија. Музиката ми помага да живеам - ќе каже пејачот пред осум години пред концертот во Хрватска.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Andrea Bocelli (@andreabocelliofficial) onMay 10, 2018 at 9:23am PDT

 Во текот на својата кариера ќе оствари бројни соработки, со светски познати изведувачи меѓу кои и Селин Дион, Ерос Рамацоти, Брајан Адамс, Брајан Фери, Кристина Агилера, Стиви Вондер, Барабара Стрејсенд, Џенифер Лопез и други, а меѓу последните е и онаа со Ед Ширан за песната „Perfect“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Andrea Bocelli (@andreabocelliofficial) onMar 30, 2017 at 5:01am PDT

 Ретко споделува детали од приватниот живот. Сепак, познато е дека зад себе го има бракот со дизајнерката Енрика Цензати, која ја запознава на факултет. Двојката е во брак 10 години, а од љубовта се раѓаат синовите Амос (23) и Матео (20). Се разведуваат во 2002 година бидејќи почнуваат сè помалце да поминуваат време заедно. Сепак, остануваат во добри осноси, а доказ за тоа е и податокот дека Енрика и синовите живеат преку една куќа од со Андреа и неговата сегашна сопруга, 26-години помладата менаџерка, Вероника Берти, со која ја има ќерката Вирџинија.

-Татковството за мене е сосема природна работа. Тоа не те менува, но со сигурност те збогатува. Јас сум страствен маж и од жените барам да ја разберат мојата емоција. Многумина мислат дека сум во добра форма поради помладата сопруга, но тоа е всушност поради тоа што можам добро да пеам. Додека не пораснат, моите деца треба да прават како што ќе има кажам јас. Тоа е растење. Треба да се биде строг во некои моменти. Ги обожавам своите деца и живеам за нив. Откако дојдоа во мојот живот, правило број еден е дека не смеам да сум отсутен од дома повеќе од две недели континуирано. Со двете сопруги имам одличен однос и многумина не им е јасно како функционираме. Нашиот однос може да се нарече и полигамија, но верувам дека со разумно однесување и почит може сè да се постигне. Ние функционираме одлично - признава пејачот.

Андреа со првата сопруга и синовите

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Andrea Bocelli (@andreabocelliofficial) onDec 1, 2016 at 7:16am PST

 

фото извор: pinterest.com; instagram.com;

Објавено:
22 септември 2018
Категорија: 
Стории
Прочитано:
788 пати
Извор: 
story.hr