Приказни од градот

Бојан Чунде: Решив да покажам дека и лице со инвалидитет може да води активен живот

14 август 2019

Бојан Чунде е дете од 80-те години и како што самиот ќе напише на својот профил на Инстаграм, граѓанин на светот!

Вонсериски лик во кој ќе препознаете отворен ум, човечност, широки хоризонти на знаење, уметник и апсолутно, естетичар со одлични познавања на урбаната мода и уличнот стил.

Неговата индивидуалност е силно изразена и преку неговиот визуелен имиџ, а под тоа има многу вредни приказни за раскажување. Една таква, Бојан несебично ја сподели со нас, а ние ја споделуваме со нашата публика сакајќи да допре до свеста на што поширок аудиториум!

„Главно за мене е тоа што сум роден со хемофилија Б(забавена коагулација на крвта), а пред 11 години по тешка повреда завршив во количка. Со дисциплина, вежбање и строго придржување до правила денес пак одам и се борам за целосна инклузија на лица со хендикеп во секоја пора од општеството, а не нивно маргинализирање. Често кај нас лицата со хендикеп и сами се повлекуваат и затвораат во себе. Јас решив да покажам дека и лице со инвалидитет може да води активен, социјален, моден и спортски живот", нè мотивираше Бојан!

На Инстаграм ќе го најдете како @theycallmebo_

Фото: Приватна архива, Инстаграм

 

Објавено:
14 август 2019
Категорија: 
Стории
Прочитано:
1.765 пати