Бри од „Очајни домаќинки“ искрено за борбата со ракот

28 септември 2018

Марша Крос или попозната како Бри од ултра популарната серија „Очајни домаќинки“ во пост на Инстаграм објавен деновиве ги информираше нејзините обожаватели дека тивко се борела со ракот и успеала да го победи.

Таа објави фотографија на која може да ја видиме со кратка коса и со малку поинаква боја од онаа со која сме навикнати да ја гледаме, а до истата напиша:

„Многу сум благодарна и среќна што сум жива, но тажна што ми опадна косата поради хемотерапијата и сега изгледа вака. Некој друг што ја исгубил косата како резултат на хемотерапија? Зборувајте со мене, сочуствувам со вас“, напиша популарната актерка до фотографијата.

Веднаш по нејзината објава, обожавателите се загрижија за здравјето на актерката, по што следеа бројни коментари на нејзината објава. За кратко, таа се извини што не била доволно јасна и ја објасни целата ситуација со болеста.

„Драги мои, многу се извинувам што не бев јасна. Го надминав ракот. Сега сум добра. Тоа беше тешко патување, но сега сум здрава, среќна и многу сум благодарна за тоа. Ви благодарам од срце за сите пораки полни љубов“, напиша актерката во објава на Инстаграм.

Таа додаде дека му е благодарна на Бога и на најблиските кои ѝ помогнале да се движи напред и дека сега се чувствува неверојатно слободна и целосна.

„За сите оние кои ме прашуваа, ми беше дијагностициран рак на анусот. Знам, нели? Ви благодарам на сите кои со мене ги споделивте вашите искрени пораки и приказните за вашата борба со овој вид рак и со опаѓање на косата по хемотерапијата. Навистина ви благодарам“, напиша Крос.

Фото: Bild.de

Таа инспирираше многу луѓе ширум светот во коментарите на нејзините објави да ги споделат своите приказни со борбата со ракот и да испратат неверојатно инспиративни пораки за сите оние кои во моментов се борат со болеста.

Објавено:
28 септември 2018
Категорија: 
Стории
Прочитано:
576 пати