Брук Шилдс и нејзината сурова приказна

1 јули 2016

Брук Шилдс е родена на Менхетен. Татко ѝ Френсис Александар бил бизнисмен, поточно извршен директор на козметичката компанија „Ревлон", додека мајка ѝ Теа била домаќинка.

Кога татко ѝ ќе разбере дека Теа останала трудна, само ѝ дава пари да абортира и бара да си оди од кај него. Но, Теа тоа не го сторила, ама ги зела парите.

Неколку години подоцна ќе ја направи најстрашната работа со тоа што ќе ја заплетка малата Брук во најголемиот скандал во детската порнографија кој некогаш се има случено.

Брук Шилдс ја започнува својата кариера како модел во 1966-та година, кога има само 11 месеци. Нејзиниот прв ангажман е за сапунот „Ејвори", фотографирана од страна на Франческо Скавуло.

На 14 години ја има својата прва насловна за „Вог" и е најмладиот модел појавен некогаш на насловната на ова престижно списание.

Истата година се појавува и во контроверзната реклама на Калвин Клајн во која ја изговара познатата реплика: „Сакате да знаете што има помеѓу мене и Калвин? Ништо".

Велат дека со оваа реклама Брук Шилдс, му ја вивнува во орбита неговата кариера како моден дизајнер и неговиот статус како таков .

Брук има само десет години кога мајка ѝ ќе ја „турне" во модниот свет и ќе дозволи да ја фотграфираат како гола секси жена. И ден-денеска таа фотографија кружи по интернет и се користи како пример за злоупотреба на дете.

Гери Грос е спорниот фотограф, кој инаку се занимавал со портретирање на кучиња. Таа далечна 1975-та година и ќе ја фотографира најконтроверзната фотосесија на кучиња некогаш направена.

Хонорарот на Брук Шилдс, која била ангажирана од страна на модната агенција „Форд“, бил 450 американски долари.

Брук е наместена во када, нашминкана и намачкана со масло. Грос работел во тоа време на својот проект наречен „Жена во детето", преку кој сакал да ја открие женственоста во детското тело за време на пубертетските денови споредувајќи ја со возрасни жени. Првично фотографиите ги објавува списанието „Little women", а потоа и во „Sugar and spice", една од публикациите на „Playboy".

Во 1982 Брук ќе се обиде да го спречи објавувањето на овие фотографии, но американскиот суд одредува дека е обврзна со договор и со условите наведени во тој договор и што е уште пошокантно, тие фотографии не го оспорувале законот за детска порнографија. Само судијата на крајот од судењето ќе каже дека и нему не му е јасно како постапката на еден несовесен и неодговорен родител, во овој случај мајката, според законот не може да одговара и да ги сноси последиците.

Во 1992 година правата на овие фотографии ги откупува американскиот уметник Ричард Принс, кој ја репродуцира сцената и ја нарекува „Духовна Америка". Неговата верзија се продава за 151.000 долари.

Во 2009-та фотографијата ќе биде отстранета од Модерната галерија „Тејт“ во Лондон. Гери Грос вели: „Фотографијата е озлогласена, тоа ми беше и првичната намера“.

Брук Шилдс вели дека во младешкиот период од животот, одела во фамозното диско „Студио 54“, но си одела пред да почнат со дрога и луди забави и никогаш не видела ништо од тоа.

Грос до крајот на неговиот живот ќе ги продава своите фотографии на различни аукции, а на крај умира како фотограф на кучиња.

И покрај сето ова, Брук Шилдс ќе успее да направи кариера во Холивуд, а за нејзиното пријателство со Мајкл Џексон ќе рече:

-Го запознав кога имав 13 години и од тој ден само се засакавме за цел живот.

Тој пак за неа ќе изјави како ја запросувал неколку пати, бил безнадежно вљубен во неа, па дури и ја молел да посвојат дете заедно.

Во 1997 се мажи со тенисерот Андре Агаси, а се разведуваат во 1999-та.

Во брак е со Крис Хенчи до ден денес со кој има две деца. Отворено ќе зборува за постнаталната депресија. Инаку Брук има диплома од престижниот Принстон и еден период ќе пишува колумни, но критичарите нема да ја поштедат од коментари и пораки дека можеби не треба да пишува.

Брук Шилдс е можеби единствената која на нозе за сето ова време успеа да издржи храбро, борејќи се против злоупотреба на деца во неразумни контексти и нивно ангажирање. Веројатно не е ни најмалку пријатно да си ги гледаш фотографиите насекаде, така разголена и толку малечка. Ништо не можела да направи, верувала во одлуката на мајка и, а кога можела да стори нешто и да си ја заштити приватноста, апсурдно но вистинито, не можела ама баш ништо да стори.

Објавено:
1 јули 2016
Категорија: 
Стории
Прочитано:
8.074 пати