Црвениот килим всушност не е црвен

25 февруари 2017

Црвениот килим се спомнува уште од 458 г.п.не. во делото на Есхил „Агамемнон“. Кралот Агамемнон се враќа од Тројанската војна и неговата жена Клитемнестра, му нуди да чекори по црвен килим. Тоа го прави пак, со цел да се одмазди за нивната ќерка. Агамемнон пред да отиде во војна, мора да ја жртвува својата најстара ќерка за една божица. Инаку, црвениот килим бил симбол на моќ и се простирал само за боговите. Знаејќи го тоа, тој сепак стапнува, а таа подоцна го убива.

Во текот на следните 2.500 години, црвениот килим се користел за слични ситуации. Имено, во 1800-тите години, Џејмс Монро, петтиот претседател на САД бил дочекан дома исто така со церемониски црвен килим.

Еден век подоцна, железниците во САД (посебно во Чикаго и Њујорк) го ставаат во употреба и тоа за пуштање на луксузен воз, со што се алудирало на луксузноста и посебноста на секое патување.

Денес пак, нам прва асоцијација на црвениот килим ни се гламурозните настани, односно доаѓањето на познатите ѕвезди и тоа во луксузни креации.

Еден таков нè очекува во недела – Оскарите.

„Signature Systems Group“ е името на компанијата која се грижи за овој црвен килим. Нивната задача е да го наместат килимот со површина од повеќе од 4.600 метри квадратни, така што не само што ќе свети, туку ќе биде и беспрекорно рамен, за да не се сллучи ниту една да се сопне за време на тоаѓањето. И тоа го прават секоја година од 2008 до сега.

-Нè ангажираат на многу други, различни настани, но ниту еден не е како овој – вели Моис Артега, менаџер за дистрибуција на национално ниво во „Signature Systems“.

Во што е посебноста на овој црвен килим, освен што е ова најпопуларната манифестација во САД?

Црвениот килим не е традиционално црвен. Всушност, се работи за килим во боја слична на бургунди и тоа е така веќе 15 години наназад. Тоа е ексклузивна нијанса наречена „Academy Red“ и е правена специјално за овој настан, за да актерите од А-листата изгледаат што подобро. За која точно нијанса се работи не знае никој, тоа е информација која се држи во тајност, особено поради стравот од копии.

-Постојат едни „Оскари“. Некои работи што ја праваат оваа манифестација посебна, треба да бидат лиценцирани и наши – изјави Џо Луис, продуцент на шоуто за време на доаѓањето на ѕвездите.

Инаку, се смета дека Сид Громан е личноста која го донела црвениот килим во Холивуд. Првпат е поставен за премиерата на „Робин Худ“ во 1922 година. Академијата пак, првпат го поставува за водење на славните од нивните автомобили до салата во 1961 година.

Тим од 18 луѓе почнува да го мести црвениот килим од булевар „Холивуд“ па сè до Долби театарот од 21-ви февруари, па сè до недела попладне, пред почетокот на манифестацијата (околу 900 часа се трошат само за инсталирање на килимот).

Од компанијата одбиваат да кажат колку заработуваат за овој ангажман, но велат дека со тоа бизнисот им расне и минатата година продале повеќе од милион и тристотини метри квадратни килим.

Сепак, Оскарите не се најголемата зделка на компанијата. Неодамна одржаниот Супер Боул барал поставување на килим од околу 60.400 метри квадратни . Исто така, работеле и на „Златните глобуси“, како и на „Греми“ наградите, но велат дека Оскарите се посебно доживување и тоа е врвот за нив.

Ако сте за запрашале зошто воопшто се поставува ваков килим, постојат три разумни објаснувања:

-за да биде очигледна патеката каде што треба луѓето да се упатат

-за никој да не се сопне или падне при влегувањето во театарот

-за гламур.

Исто така, црвениот килим се употребува еднократно. После шоуто се уништува, на начин кој никој не го открива и повеќе не се користи, така што секоја година се става нов.

Доколку се случи да заврне, компанијата поставува тим кој веднаш ги отстранува проблемите.

 Интересно е тоа што, ниту еден од професионалците што работат со црвен килим, а биле интервијурани од „Тајмс“ не знаеле за приказната за Агамемнон, од каде започнува и нивната работа.

Но, во секој случај благодарни се.

-Му благодариме на кралот Агамемнон за количеството на работа што ни ја обезбедил – вели Луис.

Објавено:
25 февруари 2017
Категорија: 
Стории
Прочитано:
1.711 пати
Извор: 
LATimes