Деловни совети од најуспешната жена во козметичката индустрија: Биди ѕвездата на сопствениот живот

5 октомври 2017

Приказната која го смени лицето на козметичката индустрија започна со огромната желба на Есте Лаудер да ѝ докаже на секоја жена дека е убава.

Таа беше жена револуционер, која за своите производи зборуваше преку својот личен пример. Професионален претприемач што го смени начинот на комуникација со своите клиенти. Својата козметичка империја ја стартуваше со само четири козметички производи. Она што ја „исфрли" напред во однос на нејзината конкуренција, беше нејзината храброст да ризикува, потпирајќи на се сопствениот внатрешен инстинкт.

-Никој никогаш не станал успешен, без да ја препознае приликата. Мораш да го препознаеш вистинскиот момент и да го искористиш без двоумење

Есте Лаудер секогаш верувала во тоа дека за да го продадеш својот производ, мора на некој начин да ги допреш своите потенцијални клиенти. Во нејзиниот случај на пример, непосредно им ги посочувала придобивките и предностите од нејзините производи за кожа. Таа директно комуницирала со своите купувачи, пример што денеска го следат мултимилионски компании.

-Не е работата во тоа само да посакуваш или да се надеваш, туку мора да работиш за тоа што го сакаш

Уникатниот поглед на светот, често ѝ овозможувал на Есте да креира нови идеи со кои внесувала нов и свеж дух во светот на убавината. Внимавала на тоа нејзините производи да оставаат луксузен доем, но сепак да бидат пристапни и примамливи за сите. Била вистински вешта во продажбата и голем маркетинг професионалец.

 

-Биди силна и полна со самодоверба, биди ѕвезда на сопствениот живот

Дури и откако почина во 2004-та година, во 95-та година од нејзиниот живот, нејзиното влијание и тоа како е присутно. Таа е инспирација за жените ширум светот, преку системот на вредности за кои постојано зборуваше. Таа го живееше својот сон.

 

Објавено:
5 октомври 2017
Категорија: 
Стории
Прочитано:
862 пати