Дизајнерите бараат време за себе

15 октомври 2014

la-suite-elle-decoration-by-jean-paul-gaultier-2

Неодамнешното збогување на Жан Пол Готје со ready-to-wear колекциите, го наметна прашањето, дали модната продукција се движи премногу брзо и можат ли дизајнерите со еднаков квалитет да одговорат на сите задачи?

-Се одлучив да се посветам само на ревиите од Висока мода и убавината, затоа што другите колекции не оставаат многу простор за слобода, а исто така и времето за свежи идеи и иновации е ограничено - вели дизајнерот.

Неколку дизајнери се вклучија кон ова мислење, вклучувајќи го и Џереми Скот.

-Модата се забрза до степен што е нечовечки и сметам дека ако сакаме да го запреме ова, да се фокусираме на couture и да имаме малку време за себе, тогаш сметам дека постапката на Готје е прекрасна. Иако, во исто време сум и малку тажен,  сакам да му честитам на цврстиот карактер и сигурноста со која ја донесе оваа одлука. Потребно е многу храброст - вели Скот.

Валтер Ван Бирендонк ја обвини модната индустрија и медиумите за зголемената побарувачка на колекции. Но, според него, нема врќање кон оние денови кога имаше само две сезони годишно, што значи само две ревии, и дизајнерите имаа можност да одберат што е добро за нив.

Fast-Fashion-826x300

-Не може да се забави овој процес. Во моментов се соочуваме со промени во модниот свет, па одредени луѓе ќе продолжат, други ќе запрат или ќе се променат, или ќе ги прават работите на поинаков начин - вели тој.

Гарет Пју ја пофали одлуката на Готје:

-Сметам дека секој од нас доаѓа до момент кога треба да направи избор и мислам дека можноста за избор е нешто многу убаво. Исто така, не сметам дека секогаш треба да чувствувате дека нешто мора да правите, ако не сакате да го правите. Многу е храбра одлуката, на било кој, не само на Готје, што ќе си рече: „Знаеш што? Попрво ќе правам други нешта!“.На Готје му е потребен живот. На сите ни е, некогаш на сите ни доаѓа нешто преку глава. Сигурен сум дека има уште многу причини поради кои се одлучил на ваков чекор и браво за него - изјави Пју.

vcwboah8tolhmth9kv4o

Но, од друга страна, постојат и такви на кои брзината им одговара, а таков е и дизајнерот Рик Овенс:

-Јас ја сакам брзината, но секој го одбира својот пат. Па кога некој ќе одлучи да оди по некој пат што самиот го избрал - колку радикален може да биде? Готје секогаш беше радикален и тоа е уште порадикално. Браво за него - смета Овенс.

Објавено:
15 октомври 2014
Категорија: 
Стории