Џастин Трудо и неговите тематски чорапи

7 јули 2017

Канадскиот премиер Џастин Трудо е миленик во светски рамки и не само на политичката сцена, туку уште повеќе, и надвор од неа.

Многумина не кријат дека дури на моменти се запрашуваат дали човекот е реален.

фото извор: elle.com

За неговиот стил досега се пишувало во повеќе наврати, но она што овде ќе биде ставено во фокус се неговите чорапи.

Да, овој моден додаток може да се толкува и како негово тајно оружје во светот на дипломатијата.

Неодамна во Торонто беше одржата „Парада на гордоста“, а господинот Трудо се појави во класичен костум, во комбинација со чшарени чорапи, на кои пишуваше „Eid Mubarak“, со што канадскиот премиер го испочитува и исламскиот празник Рамазан, кој завршуваше, а се совпадна со гореспоменатиот настан.

фото извор: thestar.com/MARK BLINCH / THE CANADIAN PRESS

Две недели претходно, во Отава беше одржана церемонија со која се крена знамето на „Парадата на гордоста", а во таа пригода, Трудо носеше чорапи во боја на виножитото.

фото извор: thetimes.co.uk

Оваа, за многумина, комплицирана ситуација на спојување на таква парада со верски исламски празник, канадскиот премиер ја реши повеќе од успешно.

Добро е да се спомене и дека со ваквиот гест тој ја поддржува и локалната идустрија. Имено, чорапите се изработени од „Halal Socks“, компанија сместена во Торонто, а цената изнесува 15 долари.

Сепак, ова не е новитет во стилот на Џастин Трудо, туку веќе и традиција.

фото извор: dailymail.co.uk

фото извор: reddit.com

Минатиот месец се појави на едно локално шоу носејќи „патриотски“ чорапи, со листот од знамето на Канада, а истите ги носеше и во 2015 година на собирот со владините раководители од провициите.

Уште еден пример е и средбата на НАТО во Брисел во месец мај, кога се појави во една сина една розова чорапа, а на секоја од нив беше извезено знамето на НАТО.

фото: Инстаграм

фото извор: macleans.ca

На интернационалниот ден на „Star Wars“ пак, премиерот на Канада имаше средба со премиерот на Ирска, но тоа не го спречи да носи „Star Wars“ чорапи. 

фото извор: thestar.com

Со ваков избор на чорапи тој прави одличен дипломатски чекор, покажува солидарност и совршено чувство за следење модни трендови (различни чорапи и оние во смели бои со принтови веќе одамна во модниот свет се водечки тренд, кога се модните додатоци во прашање), а згора на сè ја покажува и забавната страна и на модата и на својата личност, порачува дека не е личност со која владеат стереотипи, покажува широчина во гледање на нештата.

фото извор: gq.com

фото извор: macleans.ca

Ретко на кого му успева тоа. Хилари Клинтон својот патриотизам се обиде да го претстави преку костимите. Мишел Обама се трудеше да ја поддржи локалната индустрија максимално, нешто што ѝ оди од рака и на Војвотката од Кембриџ.

фото извор: gq.com

фото извор: gq.com

Модните стручњаци велат дека чорапите се совршен избор за пренесување порака, не се упадливи (повторно како модните избори на Хилари Клинтон), или премногу очигледни како што тоа би било на пример со избор на вратоврска, но не се ни сосема невидливи. 

Трудо уште еднаш поентираше и за сега е сам во ваквиот тренд, иако пред неколку дена кога беше угостен од новиот премиер на Ирска, Лео Варадкар, ирскиот политичар гордо ги покажа своите „канадски“ чорапи во чест на гостинот.

фото извор: footwearnews.com

Дали Џастин Трудо ќе влијае и врз другите колеги останува да видиме.

Објавено:
7 јули 2017
Категорија: 
Стории
Прочитано:
1.124 пати
Извор: 
New York Times