Џеки Кенеди, чевлите и тајната

20 јуни 2017

За некогашната прва дама на САД многупати досега се пишувало. Се анализиралe нејзиното однесување, ангажмани, стил... Јавноста секогаш се интересираше за сè што се случува во животот на жената која важи за модна икона.

фото извор: Harper's Bazaar/ Getty

Минатата година повторно се актуализираше приказната за семејството Кенеди преку остварувањето „Џеки“, каде главната улога ѝ припадна на Натали Портман. Иако ниту филмот, ниту Натали освоија Оскар, сепак медиумската прашина доволно се крена, за сите повторно да почнат да бараат интересни теми и факти од животот на Жаклин Ли Бувије, како што гласи нејзиното вистинско име.

Во морето информации, посебно внимание привлече и една која ја откри поранешната асистентка и помошничка на семејството Кенеди, Кети Мекеон. Имено, таа напиша мемоари, кои ќе бидат објавени и издадени во текот на месецов, а во кои го сподели своето искуство од живеењето и работењето за ова семејство.

фото извор: People Magazine/KATHY MCKEON

Во писанијата откри и тајна која никој до тогаш не ја знаел – Џеки имала една пократка нога.

фото извор: Harper's Bazaar/ Getty

фото извор: Harper's Bazaar/ Getty

фото извор: Harper's Bazaar/ Getty

„Во спалната соба имаше огромен гардеробер, каде секојдневната облека на госпоѓата беше подредена по боја. Никогаш не можевте да најдете помешани бои. А таму стоеја и чевлите. Никогаш не сум видела толкав избор на обувки! Чизми, салонки во секоја поја, патики за утрински џогинг... Внимателно ги бираше обувките, а сите беа изработувани по мерка. За мене беше мошне интригантно тоа што кога стоеја наредени, се забележуваше дека не беа исти. Едната обувка секогаш беше за половина сантиметар повисока. Тоа значи дека едната нога на госпоѓата беше пократка, но тоа никој никогаш не го знаеше, ниту претпоставуваше“, пишува Кети во своите мемоари насловени како „Девојката на Џеки – мојот живот со семејството Кенеди“.

Тајната се дозна многу години по смртта на првата дама и токму затоа беше шокантна речиси за сите.

фото извор: People Magazine/KATHY MCKEON

Инаку, Кети Мекеон е по потекло од Ирска, во Њујорк доаѓа како имигрант, а на 19-годишна возраст почнува да работи за семејството Кенеди, како личен асистент на Џеки. Тоа се случува во 1964 година, девет месеци по убиството на Џон. 

Некогашната прва дама имала комплетна доверба во млада Мекеон, па била задолжена и за воспитувањето и одгледувањето на децата Каролин и Џон. Младата Кети живееела со нив во апартманот кој што се наоѓал на Петтата авенија.

фото извор: Harper's Bazaar/ Getty

-Јас бев девојче кога Џеки Кенеди направи да бидам дел од семејството. Проживеав многу со нив. Моите внуци учат сега на училиште за тоа време, а мојата приказна е шанса да им ја предочам и да посведочат на човечноста што се крие зад приказната, како што имав шанса јас тоа да го проживеам – вели, денес, 72-годишната Кети.

Таа одблиску посведочила и на романсата на Џеки со Аристотел Оназис, како и за вестите околу убиството на Кенеди.  Дури и откако веќе не била „Девојката на Џеки“, како што најчесто ја нарекувала мајката на Џон, таа останала блиска со семејството.

фото извор: Harper's Bazaar/ Getty

фото извор: Harper's Bazaar/ Getty

 фото извор: People Magazine Инаку, книгата ќе содржи и фотографии од познатото семејство, што никогаш претходно не биле објавувани.

Објавено:
20 јуни 2017
Категорија: 
Стории
Прочитано:
4.403 пати