Еден век постоење на балонерот

30 септември 2014

Burberry-Trench-Coat_01_Butterboom-e1396414199850

Дождовен мантил, trenchcoat, балонер, кој како го знае и именува, прославува 100 години постоење. Ова парче кое речиси никогаш не излезе од мода, масовно почна да се произведува во 1914 година, а се носеше како заштита од дожд и ветер. Така, први почнаа да гo носат британските официри во Првата светска војна. Кој го произведуваше? Па, кој ако не Барбери. Всушност, мантилот е синоним за оваа модна куќа. Основачот, Томас Барбери, првиот мантил го дизајнира кон крајот на 19. век, поточно во 1870-тата година, од материјал кој подоцна ќе стане познат како габарден, особено популарен поради неговата непропустливост на вода и ветер.

burberry-officer

Со овој материјал кој не пропушта влага, но сепак „дише“, истражувачите Роалд Амундсен, Ернест Шеклтон и Роберт Фалкон Скот експериментираа, а доказ за неговата издржливост беше и Првата светска војна. Војниците наместо капути во рововите носеа облека токму од овој материјал. Томас Барбери на мантилот му додаде ремчиња на рамениците и околу половината, за да можат војниците тука да ја држат опремата.

Burberry-21

Ремените на ракавите овозможуваа војниците по потреба да ги затегнат, а 10-те предни копчиња овозможуваат топлина во предниот дел. Ова ги импресионираше британските генерали, па во 1908-та, тие почнаа да нарачуваат големи количества од ова парче. Популарноста на мантилот растеше, па Барбери и во следниот век ги произведуваше, па дури и на северот на Англија.

Во текот на 1920-тите, Барбери западна во криза, па за малку ќе се соочеше со банкрот, а директорката на компанијата Ангела Ахрендтс тогаш ги презема работите во свои раце и го врати Барбери кон почетоците, односно изработката на дождовните мантили.

emma-watson-wearing-burberry-trench-coat

-Откога Томас Барбери пред 150 години го „измисли“ габарденот, изработката на облеката која се носи на отворено беше срцето на нашето производство, а тоа вреди и денес - напиша Ахрендтс во последното известување пред да премине во Епл. Компанијата на чело со неа процвета. Помеѓу 2006-та и 2013-та прометот на куќата двократно се зголеми на 3,5 милијарди долари.

635732414542910b78f880354743522_640x421

Но, мантилот се појави и на филмските екрани. Легендарниот Хемфри Богарт го носеше во филмскиот класик „Казабланка“, додека на детективот Колумбо му беше еден од заштитните знаци. Ова модно парче и денес ужива популарност, а за него говори и сегашниот уметнички директор на Барбери, Кристофер Бејли.

Објавено:
30 септември 2014
Категорија: 
Стории