Емилија Кларк искрено за сериозните операции на мозокот

22 март 2019

Прекрасната 32 годишна актерка и ѕвезда на серијата „Игра на престоли“  Емилија Кларк, во искрен текст за The New Yorker открива дека за време на снимањето имала две сериозни операции на аневризма на мозокот кои биле загрозувачки за нејзиниот живот.

Во писмото таа пишува дека само што почнала да си ги остварува желбите од детството, скоро да го загубила умот, а потоа и нејзиниот живот. Приказната ја започнува со зборовите: Никогаш не сум го раскажала ова јавно, но сега е време.

Prevention

Таа појаснува дека сè се случувало кога завршила со снимање на првата сезона на ултра популарната серија во која таа толкува една од главните улоги, кога целото внимание на јавноста било свртено кон неа, кога станала дел од шоу бизнисот...

Објаснува дека со самото тоа што станала актерка и морала да се појавува гола во неколку сцени, тоа подразбирало дека е време да почне да вежба.

„Утрото на 11 – ти февруари, 2011 година се облекував за тренинг во една теретана во Лондон и се сеќавам дека одеднаш почувствував многу силна болка. Почна да ми се врти што дури не можев да ги облечам патиките. Кога почнав да вежбам, едвај издржав неколку вежби. За кратко ми се слоши и едвај стигнав до соблекувалната. Почна да ми станува сè полошо, чувствував како некој да ме боде во главата. Тогаш знаев дека мојот мозок е оштетен“, пишува актерката.

Hollywood reporter

За среќа, во соблекувалната до неа имало друга девојка која се обидела да ѝ помогне, но тогаш сè околу ѝ станало матно и гласно.

„Многу матно се сеќавам дека дојде брза помошѓ со која отидовме во болница, но таму не знаеја кој е мојот проблем, докторите не можеа да ми дадат нешто за болката да ми помине. Морав да чекам да ми направат магнетна резонанса, па тогаш резултатите беа дефинитивни. Имав аневризма, која експлодирала. Подоцна дознав дека голем дел од пациентите со ваков вид удар не преживуваат или умираат брзо потоа. Оние кои преживуваат, мораат веднаш да одат на операција за да не дојде до уште некој, можеби фатален удар“, пишува актерката.

Емилија во улогата на Калиси

Кога и ја кажале опцијата за операција, прво на што помислила е дека таа нема време во тој момент за операција за мозокот. Но, откако и биле објаснети сите опеции, таа морала да потпише согласност.

На 24 години, актерката била неколкупати оперирана за да може целосно да се исчисти целата штета што пукањето на аневризмата ја направила во нејзиниот мозок и да ја исклучат од циркулација.

„Операцијата траеше три часа. Кога се разбудив, болката беше неверојатна. Не знаев каде се наоѓам. Не можев добро да гледам. По неколку дена, ме префрлија во друга соба бидејќи помина периодот на интензивна нега. Кога сестрата таму ме праша како се викам, јас изустив зборови што не ги познавава и ме фати неверојатна паника. Никогаш се немав соочено со таков страв. Како актерка, знаев дека ќе морам да ги памтам моите делови, но сега не можев ниту името да си го кажам. Мајка ми подоцна ми објасни дека тоа било нормална пост оперативна состојба која ќе ја надминам“.

Емилија со нејзината мајка Џенифер

По еден месец во болница, конечно излегла и се обидела да продолжи со нејзиниот живот и сите закажани интервјуа и снимања на „Игра на престоли“.

„Повторно му се вратив на мојот живот, но докторите ме предупредија дека има уште една аневризма која може да експлодира во секое време и дека морам да одам на редовни контроли. Се сеќавам дека се соочував со многу тешки ситуации за време на интервјуата и снимањата, многу пати ме фаќаше паника па често пиев морфиум за да не чувствувам болка. Повторно ми се вртеше, болката беше тука и деновите ми поминуваа со снимања од кои секогаш се враќав преморена“, вели Емилија.

Кога отишла на една од редовните контроли, докторите и кажале дека другата аневризма е многу поголема и дека мора веднаш да се решат од неа.

На операцијата, која требала да биде рутинска, работите излегле од контрола и кога се разбудила таа била во неверојатна болка, па морале истата да ја повторат, овојпат многу подетално.

За среќа, операцијата била успешна и повторно ѝ требале неколку недели за целосно да закрепне и да се врати на работа.

Зимбио

Денеска, таа е една од најуспешните актери во Холивуд, а има и организација која помага на луѓе со истата дијагноза како нејзината.

Инфо: Emilia Clarke/The New Yorker

Објавено:
22 март 2019
Категорија: 
Стории
Прочитано:
2.228 пати