Евергрин илузија помеѓу трендовите

27 јули 2013

Оптичката уметност се раѓа во Њујорк, во годините на контра-културата, како резултат на потчинетоста кон култовите. Виктор Вазарели и Бриџит Рајли се уметниците кои се главни и одговорни предводници на ова движење и кои бараа начин да го отсликаат на парче материјал, користејќи ги мотивите на графичкиот дизајн. Хипнотичкиот динамизам произведен од различни секвенци од геометриски фигури во црно и бела боја, веднаш го освојува пазарот на модната индустрија. Во почетокот оние кои користеа ригорозни монохроматски геометрии во своите креации беа Џон Бејтс и Марија Квант, но моделите како тенденција својата слава и врв ја достигнуваат во периодот на 1960-тите години кога стануваат и статус симбол на тоа време, за што сведочи и една фотографија од 1964 година на дизајнерот Ози Кларк и моделот Криси Шримптон, каде таа има целосно оптички изглед и веднаш прерасна во оптичко модна икона.

 

Бриџит Рајли 1979 година

 

Во меѓувреме „вселенското доба“ на Пјер Гарден во модната орбита го внесува ритамот на необични линии и пастелни бои кои врескаат во духот на футуристички принтови и дезени.  Но, Сен Лоран не се согласува со овие тенденции и вели дека оваа револуција е под нивото на модните трендови. За него, оваа визуелна стимулација која се јавува како резултат на оптичката илузија не може да биде кулминантна точка и да го постигне врвот на новиот гламур и елеганција. И покрај оваа констатација на големиот гениј сепак фактите се бројни и велат дека: сите од Руди Гернрајх, преку Капучи, па се до Валентино и Ланвин, несвесно станаа делод  мрежата на спирални фантазии, криви линии и правоаголници, оптички илузии и строги форми. Феноменот на графичката деценија,официјално започна во 1970-тите години.Потоа стагнираше па, за по 20 години повторно да стапи на сцена и секогаш во истиот дух, промоција на зебреста пешачка патека како заштитен знак, мотив кој можеме да го забележиме во дизајните  кај Москино и Џунија Ватанабе. Следуваат осцилациите на криви и прави контури на Исак Миаке и кибернетските сенки на  Герет Пуг.

 

Леомбруно Боди 1966 година

 

Модата е неисцрпен извор на креирање и создавање, на инвенции , контрасти и контрадикторности, илузорната игра го заслепува погледот, а  светот на графиката најавува новата модна инсталација на футуристичките тенденции.

Објавено:
27 јули 2013
Категорија: 
Стории