20 години од „Свадбата на мојот најдобар пријател“

21 јуни 2017

„Свадбата на мојот најдобар пријател“ беше еден од најголемите филмски хитови во текот на 1990-тите. Вчера ја прослави 20-годишнината од појавувањето, а тоа беше повеќе од добра причина да се потсетиме на оваа приказна.

Џулија Робертс и Дермот Мулрони се двајцата пријатели што ги толкуваат главните улоги, а филмот, покрај тоа што е романтична комедија, се стекна со голема популарност поради фактот дека крајот не е како што сите посакуваат и претпоставуваат дека ќе биде.

Да, Џулија Робертс, односно Џулијан Потер не го „добива“ својот маж, но филмот добива бројна публика, популарност и заработувачка и покрај убедувањата дека ќе биде неуспех.

Во продолжение еве неколку факти што можеби не сте ги знаеле за остварувањето:

 

1.Џулија Робертс не била првиот избор за Џулијан

фото извор: metro.co.uk/ Siemoneit/Sygma via Getty

Првичната замисла и понуда била Сара Џесика Паркер да ја толкува улогата на темпераментната Џулијан Потер. Но, Паркер веќе потпишала договор за „Сексот и градот“. Наместо неа, Робертс ја добива улогата и веројатно никој не може да замисли некоја друга на нејзино место.

 

2.Камерон Дијаз и Дермонт Мулрони ја добиваат улогата благодарение на Џулија Робертс

фото извор: youtube.com

Таа ќе ја предложи Дијаз за ликот на Кимберли, а Мулрони за главниот машки лик Мајкл. На актерката ѝ било дозволено да учествува во кастингот, и таа лично ги одбрала нив двајца, што била одлука на која никој не се противел. Сепак, после одредено време, Мулрони сакал да се дистанцира од проектот, но тоа бил краток период, по што изјави дека му е драго да биде во филм со таква силна порака.

 

3.Дру Баримур за малку не добила улога

фото извор: moviepilot.com

Првичен избор за ликот Кимберли била Дру Баримур. Но, благодарение на Робертс, ќе ѝ се посреќи на Дијаз. А дека секое „лошо“ за добро е, говори и фактот дека благодарение на тоа што не ја добила улогата во овој филм, Баримур потоа ги прифати ангажманите за „The Wedding Singer“, „Ever After“ и „Never Been Kissed“, кои ѝ помогнаа да се пробие и да стане популарна.

 

4.Улогата на Руперт Еверет требала да биде многу помала

фото извор: mirror.co.uk/Columbia Tristar

Иако замислата била да се појави сосема кратко во филмот, Руперт Еверет бил толку добар на аудицијата, а помеѓу него и Робертс се создала одлична работна хемија, па било одлучено да допишат сценарио само за него.

 

5.Изгубен килим за време на снимањето

фото извор: yesmovies.to

Сцената кога Кимберли го фрла бидермаерот, всушност не е снимана на сет, туку во музејот „Cuneo Museum and Gardens“. Но, за да го постигнат саканиот изглед на филм, екипата го тргнала килимот од подот на музејот и го ставила во остава, а  потоа го изгубила.  Сепак, вработените од музејот успеале да го најдат и да го вратат на вистинското место.

 

6. И Џон Корбет бил планиран во филмот, но...

фото извор: moviepilot.com

Имало и втора верзија на крајот на филмот. Всушност, втората била оригинална, каде Џулијан на свадбата танцува со нов маж, а тој маж требал да биде Џон Корбет.  Сепак, пробното емитување ја збунило публиката која се прашувала кој е овој нов лик и тимот се одлучил да го отстрани сосема. Но, на Џон му се посреќи, па стана дел од екипата на „Сексот и градот“. Во финалната верзија Џулијан танцува со нејзиниот верен пријател Џорџ.

 

7. Рекордна заработувачка

„Свадбата на мојот најдобар пријател“ е еден од најпрофитабилните филмови во 1997 година. За снимањето бил потрошен буџет од 38 милиони долари, а заработувачката била речиси 300 милиони долари. На годишното рангирање, филмот заврши на осмото место веднаш зад „Лажго, лажго“, а пред „Петтиот елемент“.

 

8.Постои кинеска верзија

Кинеската филмска индустрија го препозна потенцијалот, па во 2016 година направија кинеска верзија на филмот.

 

9.Направена и пародија

Некои од најпознатите сцени од „Свадбата на мојот најдобар пријател“ се искористени во „Страшен филм“. Но, во 2006 година се појави и филмот „Date Movie“, кој е буквално пародија наоригиналот. Дури ја има и сцената каде што сите ја пејат „I say a little prayer for you“, песната која во Австралија се најде на првото место на топлистите.


10. Публиката сакала Џулијан да умре

фото извор: itsfineimfine.com

Публиката на пробното емитување на филмот го мразела ликот на Робертс толку многу што посакувале да умре. Информацијата ја откри режисерот Хоган, кој објасни дека публиката била многу лута бидејќи Џулијан сака да ја саботира свадбата на Мајкл и Кимберли. За нив била подобра опција Џулијан да умре, отколку филмот да има тажен крај.

 

Имајќи го сето ова предвид, ќе се согласите дека би било фино да најдете време и уште еднаш да се потсетите на овој голем и релаксирачки филмски хит.

Објавено:
21 јуни 2017
Категорија: 
Стории
Прочитано:
231 пати