Фустанот на преклоп слави 40 години

29 јануари 2014

img-dvfexhibition03_172534375701.jpg_gallery_max

Пред точно 40 години дизајнерката Дијан фон Фурстенберг на пазарот ја презентираше една од своите најпознати креации - фустанот на преклоп.

Овој фустан кој се преклопува од предната страна и се врзува во половината, како „фустаните за по дома“, стана една од омилените креации меѓу жените. По повод овој јубилеј, во Лос Анџелес има и изложба насловна како „Journey of a dress" со која не е претставена историјата на ова парче облека, туку и животот и кариерата на дизајнерката.

Популарноста на фустанот на преклоп не можела да ја предвиди, или не бар во оваа мера, како и повеќето креации во модната индустрија. Тоа била само една идеја на младата Дијан, која непосредно пред тоа се омажила за принцот Егон фон Фурстенберг и останала бремена.

Оваа денес една од највлијателните и најпознати дизајнерки, студирала економија во Женева и во тој период немала јасна слика за својата индина, но она што сигурно го знаела е дека сака да оди во Њујорк.

wrap-haljina-2_620x0

Но, нејзиното соочување со американскиот пазар и конкуренцијата не било лесно - впрочем како и секој почеток. Иако можеби изгледа неверојатно, но неколку години нејзината работа била игнорирана, па било потребно интервенирање од легендарната модна новинарка Дијан Вриланд од Harper's Bazar, која всушност го препозна потенцијалот во оваа креација и во Дијан како креатор, а е заслужна за нејзино популаризирање.

Вистинскиот бум фустанот на преклоп го доживува во 1974 година, кога и официјално е претставена на американскиот пазар како парче облека едноставно за облекување, како кимоно, без патенти или копчиња. Или како што и самата фон Фустенберг објасни своевремено „совршен фустан за „искраднување“ од спалната соба, после ноќна авантура“. Оваа практична креација изработена од жерсе која ги следи облините на телото беше токму тоа што жените го барале во тој период.

img-dvfexhibition01_172505974029.jpg_gallery_max

Симболот на слободата или фустанот кој жените почнале да го обожаваат за само две години е продаден во повеќе од милион примероци, а дизајнерката Дијан фон Фурстенберг во 1976 година се појавува на насловната страница на Newsweek, како една од најмоќните жени во модната индустрија. Исто така е прогласен аи за икона на независноста и успехот.

Тогаш веќе разведена, со две деца, Дијан сама раководи со фирмата и во текот на годините одлучува да направи мала пауза, се до 1990-тите кога забележува дека генерацијата на млади и убави жени има потреба за нејзиниот фустан на преклоп.

wrap-haljina-

Овој фустан влезе во историјата, а исто така е предмет на изучување во модните училишта. Денес се чува во музеите како симбол на жените и модата во 1970-тите. Во неа позираа многу познати личности како Мадона, Мишел Обама, Ингрид Бетанкурт...

Околу 15 проценти од вкупната продажба на Дијан фон Фурстенберг денес и после 40 години, припаѓаат на оваа креација.

inside_the_launch_carousel-EDIT

„Имав 26 години кога ја создадов. Успехот пак ми дозволи да станам и бидам жена каква што сакав да бидам. Жените често ми кажуваат за тоа како овој фустан има значење и за нив. Сега ги собираме приказните и фотографиите од жените ширум светот“, вели дизајнерката.

visit_journey_main-resized

img-dvfexhibition02_172521212795.jpg_gallery_max

inside_the_launch_main-edit

Објавено:
29 јануари 2014
Категорија: 
Стории