Грета Тунберг: Тинејџерката која ќе го промени светот!

19 март 2019

Ако мислевте дека младите денеска се заинтересирани само за социјални мрежи, на 15 март групи тинејџери низ светот нѝ го докажаа токму спротивното организирајќи масовен протест за климатските промени.

Распоредени во неколку градови, овие млади луѓе порачаа да престанеме да го уништуваме нашиот единствен дом, бидејќи друг не постои и дека ова е крајно време да реагираме сите заедно.

evening_standard

Целата идеја доаѓа од една прекрасна млада дама од Шведска по име Грета Тунберг за која допрва ќе слушате. Токму таа е номинирана за Нобелова награда за мир поради нејзиното залагање за подигање на свеста за климатските промени.

Имено, на 20 – ти август минатата година таа одлучила дека нема да се врати на училиште до паралментарните избори во Шведска што се одржаа на 9 – ти септември.

Medium

Деновите ги поминувала пред зградата на параламентот мирно протестирајќи против фактот што никој од тамошната влада сериозно не се заминава со климатските промени.

Полека, но сигурно таа почна да привлекува внимание, па така дури и Би-Би-Си направија прилог за неа во кој таа вели дека чувствувала дека мора нешто да направи по ова прашање и дека Шведска не е земја на која треба да се угледаме, иако многумина го велат тоа.

Грета е родена во 2003 – тата година во познато уметничко семејство. Нејзината мајка, оперската пејачка Малена Ерман во многу наврати говорела за тоа како е да бидеш родител на две деца со дијагностициран аутизам и АДХД (синдромот на недостаток на внимание и хиперактивност).

Откако светот дозна за Грета и таа беше номинирана за Нобелова награда, имаше неколку јавни настапи во кои говореше зошто е важно да се грижиме за околината, а еден од највпечатливите беше оној што го имаше на конференцијата на Обединети нации.

Medium 1

Она што е интересно е тоа што оваа девојка тргнува од себе и нејзиното семејство, како што и треба да биде, па така од неодамна им забранила да патуваат со авиони и мораат да јадат само веганска храна.

Ќе каже дека целата приказна започнала уште одамна, кога во училиште ги учеле дека многу е важно да се штеди водата и да не се фрла храна.

The New Yorker

Оттогаш, таа почнала да ја истражува оваа тематика и постојано ја мачело прашањето зошто луѓето не сторат нешто кога и со своите постапки можат да направат промена.

Во неколку наврати таа јавно ги повикува политичарите веднаш да преземат нешто и да престанат да бидат лицемерни и контрадикторни.

„Од една страна, тие кажуваат дека ние сме иднината на светот, а од друга ни ја крадат таа иднина и тоа пред нашите очи“, изјави Грета во една прилика.

Ако таа ја освои Нобеловата награда за мир, ќе биде најмладата добитничка во историјата, а токму тоа би било одличен начин да продолжи со остварување на нејзината цел.

Инфо: Buro 24/7.hr

Објавено:
19 март 2019
Категорија: 
Стории
Прочитано:
1.215 пати