Хелен Мирен: Ги мразев своите облини и сексапил

16 август 2017

Септемвриското издание на магазинот „Алур“ ќе биде во знакот на Хелен Мирен. Таа е лицето од насловна страна, а во приказната внатре, отворено зборува за соочувањето со своето тело, ставот што го има, како и за тоа како реагира кога ќе ѝ кажат дека е секси, или ќе ѝ отстапат место да седне.

Но, особена прашина во медиумите се крена по искажувањето на нејзиниот став за Иванка и Меланија Трамп.

Таа е остар критичар на Доналд Трамп и неговата политика.

-Книгата на Иванка „Жените што работат" не поминува кај мене. Иванка се прогласува за феминист. Таа убаво зборува, но тоа нема содржина. Нејзината книга е игнорантна кон тоа како повеќето жени живеат, зборувајќи за тоа „Направете време за себе за масажа". Ви се молам! – потенцира Мирен.

Но, покрај одбивноста кон Иванка која е советник на својот татко и нејзините ставови, чувствата за првата дама Меланија Трамп, се измешани.

-Гледате во старата Мел таму и таа е една од најмоќните жени во светот затоа што може да го спушти на земја. Јас потекнувам од Источна Европа. Знаете, ние имаме темни души. Таа темна словенска душа допрва ќе излезе. Единствено што и треба е да направи едно добро интервју – смета актерката, на која посебно ѝ се допаднал гестот на Меланија, кога ја отфрлила раката на Доналд.

Останатиот дел од приказната од насловна страна ви ја презентираме во продолжение, проследена со едиторијалот за оваа пригода:

„Хелен Мирен е родена како Хелен Лидија Мироноф, а потоа нејзините родители го менуваат презимето во Мирен (англиска верзија). Нејзиниот татко е Русин, а мајката Англичанка. Детството го поминува во Лондон.

Денеска е една од најпочитуваните актерки, но и личности не само во Холивуд, туку на светската јавна сцена. Таа е жива легенда. Во 2015 година стана една од 23-та актери во светот кои ги освоиле трите најважни актерски награди – „Оскар“, „Еми“ и „Тони“.

Кога се зборува за Хелен Мирен, речиси секогаш се зборува и за нејзиниот сексапил. А еве што таа има да каже  на таа тема:

-Можам да видам зошто – кога се одалечив доволно далеку од мојата младост – тие ме нарекоа секси. Се совпаѓам во клишето за тоа што е секси –руса коса, гради, струк, што го мразев претходно бидејќи не беше во мода. Кога јас бев млада, мораше да се биде слаб, да се пуши и да се носи само црно. Никогаш не се вклопив во таа слика“, објаснува актерката.

Но, да се дефинира сексапилот не е секогаш едноставно. Таа како пример ја посочи нејзината колешка Џесика Честеин, со која беа дел од остварувањето „The Dept“ од 2000-та година.

-Нејзиниот сексапил лежи во математичката еднаквост на телентот плус интелигенцијата. Сексапилот не секогаш има врска со самодовербата, бидејќи сум сигурна дека ако Џесика седеше сега со нас ќе речеше: „Ох, јас не сум полна со самодоверба воопшто“. Тоа е внатрешна моќ што произлегува од нејзината интелигенција. А кога интелигенцијата ќе дојде во комбинација со убавината, тогаш е извонредно... како кај Натали Портман – смета Хелен.

Таа додава дека има „проблем“ и со зборот „убавина“.

-Можеби сме атрактивни, интересни, магични, но 90 проценти од жените не се она што вие би го нарекле „убаво“ или „убавина“. Секако, убавината е внатре, но сепак е и збор. Кога е поврзан со фотографии на луѓе и млади девојки во прекрасни модни комбинации, што можат да ги носат, тогаш за нас другите е застрашувачки.

Исто така, воопшто не се согласува со терминот „anti-aging“.

-Кога ме контактираа од „Лореал“ да соработуваме им реков дека овој збор „anti-aging“ не ми се допаѓа. Знаеме дека старееме. Едноставно, само сакате да изгледате и да се чувствувате колку што е можно подобро и поубаво на дневно ниво.  Кога луѓето сакаат да зборуваат за одредена, деликатна тема – раса, смрт, секс, многу често немаат соодветен вокабулар да зборуваат отворено без да се заглават во еуфемизми. Ако луѓето ме третираат според годините што ги имам, се наредувам. Мразам кога некој ќе ми отстапи место бидејќи сум возрасна. Не. Не го сакам твоето место – потенцира Мирен.

Во интервјуто зборува и за тоа дека ѝ е преку глава од филмови за Алцхајмер и рак, бидејќи се веќе видена работа. Исто така, смета дека нејзината „тајна“ за добриот изглед и успех, ако воопшто и ја има, е во тоа што не се труди да се однесува и изгледа како да има 40 години. Токму спротивното. Таа покажува што значи да бидеш во 70-тите години од животот и во Холивуд, но и во општеството генерално.

-Порано сакав да бидам фризерка и едно време сама се шишав. Исто така, долго време немав некоја рутина за нега. Уште ја немам, но сега макар го чистам лицето.

Но, не била секогаш така сигурна во себе.

-Кога бев во моите 20-ти, тинејџерка, се чувствував многу несигурно. Тогаш беше времето на Твиги, а јас не изгледав така. Моите образи беа премногу дебели, нозете кратки, а градите премноу големи – признава актерката.

На прашањето, кој совет би го дала на младата себе од оваа перспектива, ќе каже:

-Да можам почесто да им кажувам на луѓето „Откачи се! Губи се“ и да престанам да бидам бескрајно учтива. Тешко е да се објасни колку е тешко да се надмине културата. Стануваш глас во пустината. Никој не сака да слуша – вели Хелен.

На коментарот дека сите очекуваат дека ќе живее 100 години, особено бидејќи 40-тите се новите 20 –ти, таа вели:

-Би сакала да живеам 150 години. Вчудоневидена сум од развојот на технологијата. Секоја ден има нешто ново. И се прашувам, „Боже како функционира ова?“. Сè уште не го владеам добро GPS. Но, што правевме претходно? Сега не можам да престанам да ја гледам сината точка, особено кога пешачам. Среќна сум што можам да посведочам на таков развој и затоа би сакала што подолго да живеам“.

Објавено:
16 август 2017
Категорија: 
Стории
Прочитано:
1.687 пати
Извор: 
Allure