Искрена исповед на Сем Смит: Заслужувам да бидам среќен!

4 јануари 2018

Најновото издание на „V Magazine“ во преден план ја става животната приказна на Сем Смит.

После подолга пауза, пејачот се врати со нова песна и албум, а за магазинот тој одговараше на прашањата на Сара Џесика Паркер, што резултираше со искрена исповед на пејачот за музиката, љубовта, славата, животот и тоа да се биде геј денес.

Во продолжение ви пренесуваме дел од нивниот разговор.

... Едно време исчезна, за да најдеш време за себе, да пишуваш, снимаш. Како успеваш да ја одржиш врската со обожавателите, а во исто време да одиш напред како артист, но и млад човек кој созрева и чија перцепција за самиот себе се менува?

-Клучот во навраќањето на креативниот простор е тоа што во последната година и пол бев дома. Ми беше потребно да му се вратам на семејството и пријателите повторно. После успехот со првиот албум, а посебно после „Оскарите“ чувствував како мојата работа и живот да не се поврзани со моето семејство и пријатели и тоа навистина ме исплаши. Многу ми беше важно да си докажам себеси дека можам да се вратам во “нормала“, а тогаш можев да пишувам музика од некое реално место повторно. Заминав дома, живеев со мојот најдобар пријател и сестра ми и правевме работи што ги прават 25-годишните. Тоа се многу здодевни работи (се смее) – многу ноќи поминати во релаксирано седење, гледање ТВ и муабетење. Се вљубив во тоа да бидам повторно 25-годишник. Некако многу бргу пораснав, бргу добив договор за албум и сè околу „In The Lonely Hour“ се одвиваше брзо. Заработев многу пари, а не знаев како да се справам со сето тоа. Сите мои пријатели кои имаат 25 години, немаат пари и сè уште се мачат да ја платат киријата во Лондон.

Како дете, бев многу среќен: Кога имав пет-шест години, мајка ми дојде до многу пари. Но, се случи и спротивното, кога таа изгуби многу пари и немавме ништо. Така што, ги искусив и двете страни. Кога моето семејство ќе слушне колку заработувам, тие не слават, не велат „Леле, тоа е неверојатно!“. Ако ништо друго, ми помагаат да откријам како да се справам со тоа, затоа што за мене тоа е страшно. Се трудам да патувам, да јадам во добри ресторани и да го носам семејството на прекрасни одмори.  Се чувствувам среќен и благословен, но исто така сум многу свесен дека парите се застрашувачки и можат да ги сменат луѓето. Не сум голем трошаџија. Моите пријатели и јас сакаме да уживаме во добра пилешка супа, да гледаме телевизија... Сè е во навраќањето кон едноставните работи. Преправањето дека сум нормално, 25-годишно момче, на некој начин и ме убеди дека сум.

Во новиот албум зборуваш за љубовта на друг начин, како да имаш повеќе контрола над ситуацијата. Не си циничен воопшто, но сепак звучиш и помалку наивно. Има ли тоа врска со политиката во твојата земја, нашата земја и со твоето созревање?

-Сосема. Во изминатите неколку години, ставан геј маж како што доликува. Кога го напишав првиот албум, бев вљубен во “стрејт“ маж, тој не ми ја возврати љубовта и јас се чувствував удобно со/во мојот копнеж. Со овој албум, станав геј маж. Почнав да имам врски со други, понекогаш тие грешеа и ме третира на лош начин, понекогаш јас грешев. Да се биде геј е поврзано и со политиката и сето тоа што се случува во светот сега. Во времето кога земав пауза за себе, Трамп стана претседател. Исто така, бев и во Ирак, во камп со бегалци, со хуманитарната организацијата „War Child“. Тоа беше едно од најневеројатните искуства во мојот живот. Навистина се чувствувам посрамотен бидејќи како дете не сум следел вести толку многу. Многу повеќе ме окупираше излегувањето со другарите, отколку тоа што се случува во светот. Вестите ме депримираат. После тоа патување, чувствував голема вина. Се чувствував како возразен и го отворив очите и кон тоа што се слуува во светот. Исто така, сето тоа што се случува на политички план, како уметник и текстописец, секогаш се навраќам на она што Нина Симон го велеше – да пишувам за моето време, користејќи го нашиот глас. Генерално, чувствувам дека уметноста може да нè спаси сите во моментов. Мислам дека луѓето почнуваат навистина да ја разбираат мојата вистина. Мојата најголема цел во животот е да бидам љубезна, добра личност. Тоа е сè што отсекогаш сум сакал.

Кога „Њујорк Тамјс“ објави дека сум геј и дека луѓето на тоа гледаат на погрешен начин, навистина ми беше многу болно. Јас туку што откривам што значи да се биде геј. Кога го направив првиот албум имав 19 години. Никогаш претходно немав врска. Немав ниту еден геј пријател. Сега ги имам и тоа ми го смени животот. Не бев свесен дека кога си познат луѓето почнуваат да обрнуваат внимание на тоа што ќе кажеш на било која тема. Не бев доволно зрел. Понекогаш сум и премногу искрен. Бев шокиран од тоа колку медиумите понекогаш знаат да бидат сурови и да не простуваат. Но, од друга страна, луѓето можеа да видат дека потекнувам од добро место. Исто така, не ме чека долг пат како геј маж во музичката индустрија. Дури и Џорџ Мајкл и Елтон Џон не ја открија својата вистинска кожа на почетокот на кариерата.

Возбудливо е да видите луѓе што чекорат по улица и се борат за она во што веруваат. Убаво е да се видат луѓе што протестираат – тоа ме возбудува. На личен план, во моментов сум во врска и за првпат мислам дека заслужувам да бидам среќен, дури и сум на мисла да напишам некоја среќна песна наскоро. Исто така, многу сум горд што новиот албум не може да биде повеќе геј. Возбуден сум што ќе пеам песни за „Него“ во делови од светот каде што можеби луѓето не се толку отворени по прашање на сексуалноста.

Што си посакуваш, или на што се надеваш ти во Новата година?

-Посакувам да се вљубам, да има прекрасна врска, каде што ќе му дозволам да ме сака онолку колку што јас го сакам него. Се надевам дека моето семејство и пријатели ќе бидат уште посреќни и ќе останат во добро здравје. Сакам уште повеќе да се вљубам во музиката – никогаш нема да престанам да учам и проучувам мојот глас.

Како би ги охрабрил луѓето да се посветат на своите соништа, дури и кога се чувствуваат поразени – од околината, или околностите, финансиите...?

-Сè што треба е сета ваша моќ и соништа да ги прегрнете и искристите. Тоа го правев уште како дете и постојано велам, тоа е една од причините поради која сум тука каде што сум. Првиот менаџер го имав на 11 –годишна возраст, договор за албум на 14 години, и до 18-тата година се чувствував исцрпено, како да ми го украле детството. Си реков: „Ќе си дадам доволно време и можеби ќе се откажам“. Но, еден ден, седнав и направив слики на сите мои сништа на едно парче харија. Се нацртав како пеам во О2 Арената, како имам Греми, како имам семејство. Го закачив листот хартија на огледалото во спална и секој ден додека се облекував го гледав. Се чувствував како веќе да сум го постигнал тоа. Вашата имагинација е моќно нешто – искористете ја. Кој знае што ќе се случи.

Колку ти е удобно денес во своја кожа и кога ќе се видиш на спот споредбено со пред две години?

-Сосема различно се чувствувам. Мислам дека сето тоа дојде со губењето на килограмите. Кога ги снимав првите спотови, не бев среќен со тоа како изгледам. Се трудев да го контролирам начинот на кој камерата се движи. Станав и малку опседнат со тоа. Постојано се гледав во огледало, се мерев секој ден. Сега, дојдов до моментот кога навистина си ги сакам стриите и уживам во своето тело. Мојата работа е многу хедонистичка и нарцисоидна: Секојдневно морам да си го слушам гласот, донесувам одлуки за тоа како да изгледаат постерите за турнеите или насловните на албумите, си го гледам лицето додека ме шминкаат. Понекогаш ми се мачи од самиот себе, па му верувам на мојот тим. Но, изгледот на моето тело секогаш ќе биде проблем. Постојано морам да вежбам, но избегнувам да гледам некои реклами или филмови за да не се мачам со тоа како моите стомачни би требало да изгледаат. Тоа е нешто со што се борам секој ден и покрај тоа што намалив повеќе од 20 килограми. Сметам дека мажите треба почесто да зборуваат за вакви проблеми.

Многу луѓе се борат со истите нешто. Што значи кршењето правила за тебе сега?

-Значи среќа. Иако звучи чудно, но ми стана удобно во мојата самотија. Станав најдобар пријател со мојата тага и го загубив пријателството со среќата. Не само даа бидам самиот среќен, туку и да ги правам другите луѓе среќни. Среќата е нова работа за мене. Многу долго време го веев знаменцето на тагата. Сега, да се разбудам наутро и да се чувствувам ок е сосема нова и ризична работа за мене. Ако сè е во ред во твојот живот, тогаш да се потрудиме да направиме да биде сè добро и во животот на другите. 

Објавено:
4 јануари 2018
Категорија: 
Стории
Прочитано:
963 пати